Земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди Филипините, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија. Епицентарот бил на отворено море, на длабочина од 10 километри и околу 62 километри од брегот. Филипините и Индонезија издадоа предупредување за цунами, а Пацифичкиот центар за предупредување на цунами најави опасни бранови на радиус од 300 километри од епицентарот. Во крајбрежните области започната е евакуација на населението, особено на децата од училиштата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
