Многу подметнувања и навреди има меѓу политичарите за време на изборната кампања. А претходно истите тие политичари постојано не уверуваа дека на Македонија и треба сенародно обединување и заедништво по важните прашања.
Пречесто наместо за програми се зборува за тоа кој со што бил опседнат, кој бил продадена душа, кој добивал куферчиња, кој одработува за странци, кој со загари нешто ловел, или пак политичарите зборуваа за тоа кој е кукавица, кој е орел, а кој врапче, некои дури пак споменуваа облекување униформи. На нив се надоврзуваа дури и партиски мегафони, па еден од нив повика и расчеречување на политичар во торба.
Сето ова ги разочарува граѓаните кои не сакаат црна кампања туку програми и фер изборен однос кој нема да прави подлабоки поделби во земјата.
Се наелектризира состојбата во општеството со размената на навредливи зборови меѓу политичарите. Тоа не е добро, потенцираат граѓаните на социјалните мрежи.
Време е црната реторика од политичарите да стивне. Во спротивно, по изборите многу потешко ќе се тргне во остварување на заедништвото кое токму партиите ни велеа дека е неопходно.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
