Изборната кампања влегува во последната третина. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Од ДИК уште еднаш потсетија дека вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори, а на 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавување на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор. Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат во сабота на 18 октомври, еден ден пред денот определен за гласање на изборите.

