Основниот суд во Битола, на големо изненадување на јавноста, синоќа не го прифати предлогот на Обвинителството за определување притвор на двајцата осомничени за кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола и им определил мерка куќен притвор. Од ОЈО Битола информираат дека надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, па ќе ќе вложи жалба и ќе бара мерка ефективен притвор. Реагираа денеска и од ВМРО-ДПМНЕ дека „судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДСМ наместо да ги казнува криминалците им дава кураж да продолжат со криминалот и да не одговараат. „Денес сме повторно сведоци како СДСМ излегува во пресрет преку неговото купено и уценето судство на сопственикот на компанијата „Марковски“ да му се досуди куќен притвор. Сто милиони денари е еднакво на куќен притвор. Реформи се повеќе од потребни во судството. “, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетиме вчера, во акција на Финансиската полиција беа приведени Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компанија“ и уште едно лице вработено кај него. Покрај нив приведени беа и неколку поранешни раковидители во битолскиот комбинат. Сите тие се сомничат оти пред две години сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, и го оштетиле РЕК Битола за околу 1,6 милиони евра.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
