Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на претплатниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации. Анкетата била спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, претплатници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија. Според анкетата, кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните…
Автор: Никола Тасев
На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила. На промоцијата, како што е најавено ќе присустува и премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, на почетокот на јуни годинава најави дека во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари. – Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и…
Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. За попладневните и вечерните часови денеска УХМР прогнозира локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе…
Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци. -На овој објект работиме вторпат. Тоа е бања од римскиот период, датира од преминот на старата во новата ера, или од 1 век пред или 1 век од нашата ера. Не е дека претходно жителите не одржувале лична хигиена, но како архитектура припаѓа на римските бањи и е од периодот кога Римската империја завладеала на овие простори.…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео за изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп и неговите придобивки, посочувајќи дека значително е подобрена безбедноста и намалено времето за патување. Николоски истакнува декас експресниот пат е одговор на ветувањето за модерно и безбедно патно решение со кое се намалување времето за патување. – Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп) Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и цел Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение и овој експресен пат е одговор на тоа што го…
Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и пожар во ниска вегетација во општина Велес. Како што информира…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува. Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот. -За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа, со постапувањето против врховни судии, член на…
Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква. На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето. -Во тек е дезинфекција на просториите во објектите каде престојуваа лицата, а се прска и против комарци, со што се прават подготовки за втората група повредени. Во план е во вторник тие да пристигнат на Пониква и да се сместат во одморалиштето,…
Вкупната вредност на извозот на стоки од земајава, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 3 347.7 милиони евра и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период лани. Само во мај е забележан раст на извозот од 23.44 %. Вредноста на увезената стока, пак, во првите пет месеци е 4 693.5 милиони евра, што е за 1.0 % повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите…
Да се подигне свеста кај потрошувачите за важноста од купувањето домашни земјоделски производи и преработки со што ќе се поддржат земјоделците, преработувачите и домашната економија, е целта на новата кампања што ја најавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Кампањата ќе биде насловена „Македонско најдобро“ и, како што вели ресорниот министер Цветан Трипуновски, предвидува новина – воспоставување платформа за лесен пристап до информации за производителите и продавачите на земјоделски производи, како и за подобра евиденција на земјоделското производство во земјава. -Изминатите месеци работевме на еден проект со кој сакаме да поттикнеме купување домашни македонски земјоделски производи и преработки. Кампањата…