Холивудската легенда Ал Пачино тешко се справува со смртта на својата омилена актерка, а особено жали што никогаш не се оженил со Дајана Китон, со која бил во врска со прекини речиси две децении.
Дајана Китон, која почина во Калифорнија на 79-годишна возраст, ја играше сопругата на Пачино во трилогијата „Кум“, а тие биле во врска од 1974 година. Тие раскинале во 1990 година, откако познатата актерка му даде ултиматум, а тој одбил да се ожени со неа.
85-годишниот Пачино сега жали што не се оженил со покојната актерка, изјавил извор за Дејли Меил.
„Знам дека засекогаш ќе жали што не го направил својот потег кога имал шанса“. Години откако тој и Дајана се разделија, Ал велеше: „Ако требало да биде, никогаш не е предоцна да се направи повторно“. Но, за жал, сега е“, ркол пријател на легендарниот актер, пишува Page Six.
View this post on Instagram
„Гледајќи наназад, Ал е многу јасен дека љубовта на неговиот живот била Дајана и секогаш ја нарекувал неверојатна жена“, додал истиот извор.
Изворот, исто така, рекол дека Китон и Пачино никогаш не разговарале – и покрај тоа што двајцата живеат во Беверли Хилс.
„Еднаш го прашав зошто, а тој рече: ‘Нема потреба да разговараме. Рековме сè што требаше да се каже во тоа време’“, рекол изворот.
Врската, како што се пишувало, завршила затоа што Пачино не сакал брак.
Во 1989 година, тој ѝ напишал љубовно писмо додека бил во Рим и тоа писмо е потврда дека ја сакал од се срце и дека дваесетте години што ги поминале во врска не биле потрошено време иако никогаш не се венчале и имале деца.
View this post on Instagram
Еве го писмото во целост:
„Драга Ди,
Се чувствувам непријатно осамено, повеќе отколку што бев во многу, многу месеци. Не знам зошто е тоа така. Можеби затоа што сум во странска земја и не можам да го зборувам јазикот – би можело да се каже дека тоа е една од причините. Но, најчесто, тоа е затоа што сум далеку од тебе и од она што го имавме заедно.
Додека го пишувам ова, седам во кафуле во центарот на Рим и силно врне. Го гледам прекрасниот плоштад со црквата и си зборувам сам со себе. Ги држам рацете заедно како да се молам. Но, меѓу рацете имам мал диктофон. Значи, изгледа како да зборувам со прстите. Така изгледа. Само да можев да го кажам ова писмо без да ги мрдам усните. Само се обидувам да ти кажам дека ми недостигаш, ‘драга’. На заобиколен начин, се чини. Ќе ти се јавам.
Со љубов,
Ал.“
Фото: Принтскрин/Instagram
