Во италијанскиот град Јесоло, на Светското Таеквондо ИТФ првенство одржано од 5 до 12 октомври, македонскиот репрезентативец 18-годишниот Владимир Димитријевиќ направи голем успех. Иако, младинев, тој во сениорска конкуренција оствари две победи против претставници од Норвешка и Аргентина.
И покрај тоа што загуби од претставникот на Русија со тесна разлика и не успеа да стигне до четвртфиналето, настапот му донесе голема самодоверба. Претходно, веќе имаше освоено бронзен медал на Европското првенство во Талин во категоријата 16-17 години.
Тој стана најмладиот натпреварувач кој излезе на сениорско светско првенство и веќе испиша дел од историјата на македонскиот таеквондо. Поддршката од федерацијата, спонзорите и локалната средина доведе до овие значајни успеси и отвори надеж за уште поголеми достигнувања.
