Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Не е само Македонија загрозена – цела Европа на удар од западнонилската треска
    Република

    Не е само Македонија загрозена – цела Европа на удар од западнонилската треска

    22/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се лабораториски потврдени, а според досегашните информации има и 4 починати лица како последица на инфекцијата. Здравствените власти веќе мапирале 34 ризични области, од кои 13 се оценети како високо ризични, а за првпат случаи се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир.

    Дополнителен сигнал за присуството на вирусот е и првиот потврден случај кај мртов гавран во Скопје, додека како критични точки се посочуваат застоените води, каналите за наводнување, септичките јами и други места погодни за размножување комарци.

    Но, Македонија не е изолиран случај – повеќе од десет европски земји од почетокот на годината веќе пријавиле локално пренесени инфекции со вирусот Западен Нил. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, најмногу случаи има во Италија – 311, а потоа следува Грција со 157 заразени. Вирусот досега е регистриран во 99 европски региони, од кои во 21 регион се појавува за првпат, додека во истиот период минатата година инфекции имало во 67 региони во девет земји. Меѓу погодените држави, покрај нашата се и Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Италија, Грција, Холандија, Романија и Србија.

    Најголемото ширење на вирусот се бележи во сезоната на комарци, особено од јули до септември, а ЕЦДЦ предупредува дека дополнителен проблем претставуваат и инвазивните видови комарци. Европските земји се повикани да ја засилат контролата на комарците, следењето на нивната популација и прекуграничната соработка за ограничување на ширењето на инфекцијата.

    За вирусот Западен Нил нема одобрена вакцина за луѓе ниту специфичен третман, а иако најголем дел од заразените немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, во најтешките случаи инфекцијата може да предизвика менингитис и други животозагрозувачки компликации.

    Поврзани вести:

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    Речиси 25.000 граѓани пријавени за вакцинација против сезонски грип, првите дози пристигнуваат

    Речиси 25.000 граѓани пријавени за вакцинација против сезонски грип, првите дози пристигнуваат

    Мицкоски дециден: Кога-тогаш, Ива и нејзиниот татко ќе одговараат

    Мицкоски дециден: Кога-тогаш, Ива и нејзиниот татко ќе одговараат

    Пронајден и казнет возачот кој „дрифташе“ во Штип

    Пронајден и казнет возачот кој „дрифташе“ во Штип

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    европа загрозени региони западнонилска треска комарци македонија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    16/10/2026

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    16/10/2026

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.