Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 35 до 41 степен. Попладне, претежно во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со температура до 40 степени. Од недела температурите постепено ќе опаѓаат, а во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови и за невреме со силен ветер и појава на град.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
