Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/tt6Pu3zLLlE?si=aUL4_EpvyOH-O2Zy
Автор: Никола Тасев
Блиц вести на Прва Скопска ТВ. Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот. На секој час. https://youtu.be/ocSnE7xswWY?si=SWZMttiYINrdzBQ4
Ритамот на Скопје – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16:30, 19:55, 23:00 и 01:00 часот. Следете ја најновата информативна емисија која го отсликува пулсот на главниот град https://youtu.be/xm9ktMCwoOo?si=FctkH5bBB-5Hk4he
Одделот за внатрешна контрола при МВР извршил проверки како постапувале полициските службеници од СВР Велес околу целиот случај на неодамна убиената Росица Коцева. По насока дадена од министерот Панче Тошковски извршени се детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата. Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.
Повеќе од 500 парчиња оружје исчезнале од простории на полициска станица во српскиот град Дољевац, близу Ниш. Според полициски извори, исчезнато е нелегално оружје што граѓаните, по наредба, ѝ го предале на полицијата. Станува збор за функционални пушки, пиштоли како и муниција.
И вечерва смрди на чад во некои делови на Скопје. Причината е пожар во депонијата близу Арачиново. Пожарникарите кои веднаш излегле на терен ја затекнале вратата на депонијата отворена, а внатре имало поголема количина пакуван сончоглед кој горел со силен пламен. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата. Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија се чувствува во делови од Скопје.
Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/DECb3N25GFM?si=vkwVB3flJ5yzpZex
Блиц вести на Прва Скопска ТВ. Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот. На секој час. https://youtu.be/0r67tbzgdVQ?si=h77RHGYqf8rgPvuC
Ритамот на Скопје – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16:30, 19:55, 23:00 и 01:00 часот. Следете ја најновата информативна емисија која го отсликува пулсот на главниот град. https://youtu.be/QRTvlhc_hzk?si=hl4hwrA17xv_3pVh
Венко Филипчe ги објави црвените линии на СДСМ околу евроинтеграцијата на Македонија. Опозиционерите бараат Владата од 15 до 25 ноември 2025 година да се изјасни дали останува на истиот текст или подготвува и предлага нов текст на уставните измени. Во својата предлог резолуција СДСМ предлага Собранието да ја започне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година, а финално изгласување и внесување на Бугарите во македонскиот устав да заврши најдоцна до 10 февруари 2026 година. СДСМ нагласува дека Македонија е подготвена да ги исполни обврските од преговарачката рамка…