Автор: Никола Тасев

Албанскиот премиер Еди Рама од Виена порача дека Косово мора да ги исполни барањата на Европската унија, во спротивно ќе тоне во дополнителна изолација. Рама го оцени дијалогот меѓу Белград и Приштина како „голем неуспех” и истакна дека двете страни не направиле никаков напредок. Тој порача дека Косово не треба да се води според чекорите на Србија, туку да покаже зрелост и одговорност кон својот евроинтеграциски процес.

Прочитај Повеќе

Супертајфун денес го зафати Хонг Конг со ураганска јачина на ветровите и големи надоаѓање на морето. Поројните дождови во Тајван предизвикаа големи поплави кои однеле најмалку 14 жртви. Ова е најмоќниот тропски циклон во светот за тековната година. Прогнозите се дека супертајфунот ќе го сочува својот степен на јачина движејќи се кон брегот на кинеската провинција Гуангдонг, каде што престојуваат повеќе од 125 милиони луѓе. Владите во Гуангдонг извршија евакуација на повеќе од 770.000 лица. Јакото невреме претходно ја опустоши северната област на Филипините. https://youtu.be/ZJAIDTatehk?t=15

Прочитај Повеќе

Ѓубрето му натежна на Скопје, а сега се почесто има најави дека ќе секне и јавниот сообраќај. Немало гориво. На Данела Арсовска очигледно не и јасно дека се уште е градоначалник на Скопје. Дали на овој начин сака да им направи проблем на тие што ќе дојдат на чело на Градот по неа? Дали е свесна дека на тој начин всушност прави проблем на граѓаните? Вакви се генерално коментарите на скопјани по последните случувања во скопските јавни претпријатија. До касно синоќа воопшто не се знаеше дали денес во Скопје ќе има автобуси на ЈСП. Утрово возат нормално, добиле нафта за…

Прочитај Повеќе

Летаат дронови околу аеродромите во Скандинавија. По Копенхаген, и аеродромот во Осло беше затворен откако беа забележани најмалку два дрона во неговата близина, јавија тамошните медиуми. Сите летови беа запрени повеќе од четири часа, а поради тоа имаше големи доцнења и откажувања. Норвешката полиција засега нема индиции дека случајот е поврзан со сличниот инцидент на аеродромот во Копенхаген, кој беше повторно отворен. Портпаролката на аеродромот Лиза Кирштајн изјави дека повторното отворање е можно откако подолг временски период не биле забележани дронови, иако ризикот не е целосно исклучен. Во Копенхаген, патниците изразија страв и нервоза, а полицијата соопшти дека сè уште…

Прочитај Повеќе

По денешното признавање на Палестина како држава од страна на Франција, вечерва се придружија уште три европски држави: Белгија, Луксембург и Малта. Белгискиот премиер Барт Де Вевер изјави дека неговата земја се придружува на групата држави кои ја признаваат Палестинската држава, со цел да испрати „силен политички и дипломатски сигнал“. Тој додаде дека правното признавање ќе следува откако сите заложници ќе бидат ослободени и сите терористички организации, како Хамас, ќе бидат отстранети од власта. Премиерот на Луксембург, Лук Фриеден, истакна дека неговата земја официјално ја признава Палестинската држава, а премиерот на Малта, Роберт Абела, потврди дека и Малта ја поддржува…

Прочитај Повеќе

Воздушниот простор над аеродромот во Копенхаген е целосно затворен вечерва поради појава на неколку големи дронови. Од 20:30 часот авионите не можат да полетаат или да слетаат, а повеќе од 35 летови се пренасочени кон Гетеборг, Малме и Билунд. Патниците што веќе чекале во авиони на пистата се вратени во терминалот. Од аеродромот соопштија дека затворањето е редовна безбедносна процедура. Дроновите сè уште се забележуваат околу аеродромот, понекогаш со силно светло. Патниците се советуваат да контактираат со авиокомпаниите за информации околу откажани летови. #BREAKING Flughafen Kopenhagen geschlossen!Betrieb gestoppt, nachdem 2–4 große Drohnen nahe der Hauptstadt gemeldet wurden. Polizei hat das…

Прочитај Повеќе

Со повеќе беспилотни летала вечерва е нападнат главниот град на Русија. Системот за противвоздушна одбрана на Москва ги одбива нападите, при што агенциите јавуваа за дваесетина соборени дронови. Жителите на Московската област слушнале експлозии на периферијата на градот, но според првичните информации, нема повредени и нема поголема материјална штета. Поради нападот, повеќе од 35 летови на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково беа откажани или одложени, а аеродромот Шереметјево привремено е затворен. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат патнички авиони како ниско летаат над Москва. 🇷🇺#Moscow has closed the sky, 9 drones shot down so farplanes…

Прочитај Повеќе

Театарот за деца и младинци – Скопје вечерва ќе ја изведе наградуваната куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ во Куклениот театар во Мостар, во рамки на петтиот Меѓународен фестивал на куклена уметност. Претставата е работена според истоимениот роман на Астрид Линдгрен, шведска авторка на романот „Пипи Долгиот Чорап“.

Прочитај Повеќе

Заклучно со петокот со обоени регистарски таблички биле обележани околу 700 службени возила, јавија од владината служба за општи и заеднички работи. Од таму очекуваат дека до предвидениот рок до 29 септември сите возила ќе бидат означени. Од јавноста овој потег е коментиран како позитивен, оти обележувањето на службените возила со регистарски таблички во друга боја е првиот чекор кон поголема транспарентност и јавна контрола. Граѓаните полесно ќе ги препознаваат службените автомобили. Сепак за да имаат увид дали тие се користат наменски потребен и е вториот чекор – постојана контрола од надлежните. Оти само различна боја на табличките нема да…

Прочитај Повеќе

Расипан дел на радарот во Контролата за летање на скопскиот аеродром, направи хаос во следењето на авионите. Викендов, контролорите не можеа да ги следат авионите на мала височина при слетување, па затоа слетувањата беа еден по еден. Според информацијата од М-НАВ, контролата на авионите на поголеми височини се врши со поддршка од грчки и бугарски радари. Контролорите на летање претходно најавуваа штрајк поради застарената опрема, кој беше ставен во мирување по ветувањата дека ќе се инсталира нов систем.

Прочитај Повеќе