Од утре внимателно на пешачките премини и тротоарите, мобилните „закопајте“ ги во џебот, а ако имате слушалки вадете ги, оти на сила стапуваат измените на Законот за безбедност во сообраќајот. Полицијата ќе казнува. Уште при највата за овие мерки се отвори јавна дебата. Граѓаните поделени, едни велат дека е добро да се воведе ред бидејќи и пешаците претераа, а други сметаат дека, освен казни треба да се мисли и на едукација на пешаците, како и на нивна самоодговорност. Секако, важно е и поголемо присуство на полицијата на терен за да делува превентивно.
Автор: Никола Тасев
Едно возило изгорело, а друго е оштетено, во пожар што вечерва се случи позади зградите кај Зелено пазарче во Скопје. Освен поголема материјална штета, дознаваме дека нема повредени. На огнот, нешто пред полноќ му претходела експлозија што ја слушнале станарите на зградите. Покрај изгореното „БМВ Х“ оштетен е „Цитроен Ц4“. Пожарот го зафатил и маркетот до кој биле паркирани возилата. Пожарникарите брзо го локализираа пожарот и спречија да не се прошири на околните згради. Се претпоставува дека и овој пожар е подметнат.
Данската полиција соопшти дека воздушниот простор над меѓународниот аеродром во Алборг е затворен поради присуство на дронови. Според властите, активностите на дронови го попречуваат нормалното работење на аеродромот, а сите летови моментално се прекинати. Аеродромот не функционира сè додека траат безбедносните проверки и истрагата. „Инцидентот го истражуваме заедно со надлежните институции и преземаме неопходни мерки за безбедноста на воздушниот сообраќај“, изјави регионалниот полициски шеф Јеспер Боjгард за тамошните медиуми. Патниците се известени да ги следат официјалните канали за информации околу летовите. Засега не се откриени детали за бројот и потеклото на дроновите. Пред два дена дрновите го затворија и аеродромот…
Супертајфунот „Рагаса“, еден од најсилните во последните децении, вчера ја погоди јужната кинеска провинција Гуангдонг и Хонг Конг. Евакуирани се речиси 1,9 милиони луѓе, а ветровите достигнаа рекордни 241 километар на час. Во Хонг Конг и Макао забележани се поплави, урнати дрвја и сериозни штети на згради и инфраструктура. Над 90 лица се примени во болница, додека стотици граѓани побарале засолниште во привремени центри. Пред да стигне до Кина, „Рагаса“ однесе најмалку 17 животи на Тајван и 10 во Филипините. Иако бурата постепено слабее, властите предупредуваат дека опасноста од поплави и свлечишта сè уште не е завршена. This happened at…
Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/LH2z0mbCiXM?si=w53FqTZJM7FRi2-0
Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/KsN523sULJc?si=Kv_EYFru5PHfbOPE
Блиц вести на Прва Скопска ТВ. Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот. На секој час. https://youtu.be/r_VvkmDoU7w?si=lmK9qT3aM8iTLJyQ
Ритамот на Скопје – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16:30, 19:55, 23:00 и 01:00 часот. Следете ја најновата информативна емисија која го отсликува пулсот на главниот град. https://youtu.be/oiyoGLAsPdI?si=ODxip0F8bRDsKKIy
Пожарите во Македонија се уште се секојдневие. До утринава биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор од кои три се активни а три се ставени под контрола. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи најголемите проблеми во моментов се предизвикани на Кожув, каде што гори букова шума, како и кај Македонски Брод каде е зафатена дабова шума и папрат. Третиот активен пожар е кај селото Малино во општина Чучер Сандево, каде што пламените јазици брзо се шират низ мешана шума. Надлежните институции апелираат граѓаните да бидат максимално внимателни, бидејќи и најмал невнимателен потег може да предизвика нови…
Промовиран денеска нов информациски електронски модул “Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови”. Во Министерството за здравство беше кажано за прв пат дека се отпочнува со дигитализација на постапката за ставање на нов лек на позитивна листа. Модулот, како што рече министерот за здравство Азир Алиу е изработен од Управата за електронско здравство, во соработка со Секторот за фармација во Министерството за здравство и ќе биде јавно достапен на интернет страницата на Министерството (www.lekovi.zdravstvo.gov.mk). Сето ова ќе биде во функција веднаш откако ќе стапат во сила измените на прописот со кој се уредува оваа постапка, а…