Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Избори во Холандија: Сите победија и никој не победи, многу тешко ќе се формира нова Влада
    Свет

    Избори во Холандија: Сите победија и никој не победи, многу тешко ќе се формира нова Влада

    30/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66) на Роб Јетен освои најмногу гласови на вчерашните вонредни парламентарни избори во Холандија, освојувајќи 27 места во 150-члениот Долен дом на холандскиот Парламент.
    На второто место е десно популистичката Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, која важеше за фаворит за победа на изборите, со освоени 25 мандати, а трета, исто така изненадувачки, е конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Дилан Јешилѓоз-Зехериус со 23 пратенички места.
    Блокот на социјалдемократската Лабуристичка партија (ПВДА) и еколошката Зелена левица (ГЛ) на поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, на кој во некои анкети дури му се даваше шанса за победа, освои 20 пратеници, а десно центристичкиот Христијанско-демократски повик (ЦДА) на ќе има 19 мандати.
    На шестото место се пласира десничарската партија Вистински одговор 21 (ЈАК21) со освоени девет пратеници, пред десно популистичките Форумот за демократија (ФВД) со шест и Движење на земјоделците-граѓани (БББ) со четири мандати.
    Места во Парламентот, според излезните анкети, освоиле уште седум партии. Левата популистичка Социјалистичка партија (СП), партијата на холандските Турци, Еднаквост (Денк), Партијата за животните (ПВДД) и конзервативната Реформистичка политичка партија (СГП) ќе имаат по три пратеници, демохристијанската Христијанска унија (ЦУ) и партијата на пензионерите 50 Плус (50+) освоија по два мандати, а социјал-либералната Волт едно место.
    Според аналитичарите, резултатите од ваквите излезни анкети, се уште не даваат јасни опции за идната владина коалиција, па веројатно формирањето на новата влада нема да оди лесно. Ако се потврдат резултатите од излезните анкети за обезбедување парламентарно мнозинство ќе биде потребна коалиција од најмалку четири партии.

    Поврзани вести:

    Десетици илјади луѓе на улиците во Шпанија: Бараат пониски кирии и решенија за кризата со домувањето

    Десетици илјади луѓе на улиците во Шпанија: Бараат пониски кирии и решенија за кризата со домувањето

    Штајнмаер предупреди: Германија ризикува нови поделби како во Вајмарската Република

    Штајнмаер предупреди: Германија ризикува нови поделби како во Вајмарската Република

    Рама: Украина нема да стане членка на ЕУ преку класичниот пристапен процес

    Рама: Украина нема да стане членка на ЕУ преку класичниот пристапен процес

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    избори холандија нова влада победници резултати
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Десетици илјади луѓе на улиците во Шпанија: Бараат пониски кирии и решенија за кризата со домувањето

    03/10/2026

    Штајнмаер предупреди: Германија ризикува нови поделби како во Вајмарската Република

    03/10/2026

    Рама: Украина нема да стане членка на ЕУ преку класичниот пристапен процес

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.