Автор: Никола Тасев

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на викендот полицијата спровела засилени сообраќајни контроли низ целата држава. Во акциите биле издадени вкупно 1.156 платни налози, од кои најголем дел – 296 – за возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење. Според податоците, санкционирани се и 156 возачи за неправилно паркирање, 136 за управување возило без возачка дозвола како и 95 за возење под дејство на алкохол. Во контролните активности полицијата регистрирала и други прекршоци: 16 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, 40 возачи кои користеле мобилен телефон при управување со возило, 11 возачи кои минале на црвено светло…

Прочитај Повеќе

Почна кампањата за локалните избори Македонија, закажани за 19 октомври. 1.832.415 граѓани ќе гласаат за градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Град Скопје.   Пријавени се вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети. Граѓаните очекуваат изборна кампања полна со ветувања, но и со подметнувања меѓу политичките партии. Преку социјалните мрежи тие им порачуваат на кандидатите да не лажат „Доста ни е од празни ветувања, оние кои се нереални нема да го добијат мојот глас”, „Не сакам да гледам како се напаѓаат меѓу себе туку да видам што и на кој начин…

Прочитај Повеќе

На средба со македонските иселеници во Детроит при посетата на црквата „Света Богородица“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова изјави дека мора да се задржат врските и Македонија да си ја повратиме дијаспората. – Посакувам да бидеме во постојана врска, бидејќи во светот има едно семејство што се вика македонско, а знам дека во животот се може да смените само татковината не, истакна претседателката. Претседателката го посети и неделното црковно училиште кое го посетуваат 120 деца на македонски јазик.

Прочитај Повеќе

Пожарите во депониите во Скопје летово го доведоа во прашање здравјето, но и безбедноста на граѓаните и на нивната околина. Среќа имаше соодветна реакција од надлежните кои ги ставија под котрола или ги изгаснаа пожарите. Помош деновиве добија и од дождовите. Но сепак, работата не треба да се смета за завршена, треба да се внимава, особено сега во изборниот период кога се можни провокации од потпалувачите. Локалните власти и надлежните служби мора уште повеќе да ја зголемат будноста околу потенцијалните жаришта. Искуството покажа дека хибридните напади се непредвидливи. Затоа, само преку координирани превентивни мерки, но и ригорозни казни за пироманите,…

Прочитај Повеќе

Резулататите од прегледот на петнаесетте ученици од штипско средно училиште кои минатата недела имаа симптоми на труење ќе бидат најдоцна до утре. Имено, учениците на големиот одмор јаделе сендвичи од блиска седнвичара-киоск кај која е направен и вонреден санитарен преглед. Епидемиологот во Центарот за јавне здравје Штип, Светлана Живкова вели дека земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. Објектот е затворен и од Државен здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство. Мајка на дете кое по труењето заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека нејзиното дете…

Прочитај Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп изработил стратегија за запирање на војната во Газа и се очекува наскоро документот да му биде претставен на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета на Белата куќа. Нацрт-планот предвидува итен прекин на судирите, ослободување на сите заложници, како и постепен пренос на власта во Газа. Официјални лица наведуваат дека ваквиот план би било тешко да се одбие, имајќи предвид дека содржи јасно дефинирани фази – од хуманитарна помош, преку политички отстапки, па сè до безбедносни гаранции. Клучни точки од планот на Трамп: – моментален прекин на сите борби во Газа, – безусловно ослободување…

Прочитај Повеќе

„Добро е што ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту било која друга партија не ги отфрла црвените линии ниту чекорите од планот во Резолуцијата што ја предложивме“, стои во денешното соопштение на СДСМ. Што се однесува до коментарите на Мицкоски за „лажни и неточни историски факти“, од СДСМ кажаа дека такво нешто нема и потенцираа дека се отворени за сите конструктивни забелешки на партиите и сите политички чинители.

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски експресно синоќа реагираше на објавената резолуција на СДСМ за црвените линии. Тој кажа и дека му паднало во очи дека резолуцијата содржи неточни факти и лаги, и дека на ваков начин не се штитат македонските национални интереси.

Прочитај Повеќе