Во пресрет на скопските концерти во Филхармонија кои се закажани за 14 ноември и 6и 7 декември, Калиопи за денес го најави излегувањето на новата песна „Добра вечер и лека ноќ“.
И’, се случи точно во 12 часот на нејзиниот канал на Јтјуб можевме да ја слушнеме „Добра вечер и лека ноќ“. Песна со многу моќен текст и мелодија која „влегува во уво“ и после второто слушање ќе почнете да ја потпевнувате. Песната освојува а сега останува да го почекаме видеото.
Браво за тандемот Калиопи и Ромео Грил кои повторно покажаа и докажаа дека се неприкосновени во компонирањето и изведувањето на композиции.
Компонирано од: Ромео Грил
Текст од: Ромео Грил
Аранжман од: Ромео Грил
Продуцирано од: Ромео Грил
Изведува:
Калиопи – главен вокал и придружен вокал
Ромео Грил – клавијатури, прогресивна и бас гитара
Зоран Костадиновски – а.гитара и е.гитара
Трајче Ставревски – бузуки
Маја Саздановска – придружен вокал
Јулија Карамитрова Огненоска – придружен вокал
Снимано од:
GMP Studio Basel – Don Carlo Giovanni
Abra-cadabra Studio Skopje – Бранко Попчевски
Миксано и мастерирано од:
Croatia Records Studio Zagreb – Горан Мартинац
Видео од: Александар Ристовски – Принц
Фото: Принтскрин/Facebook

