По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, 67-годишен маж од Петровец ја претепал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.
Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош.
Полицијата интервенирала и го привела тепачот, а Обвинителство поведе постапка за нанесување тешка телесна повреда при семејно насилство, затоа што осомничениот со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга.
Обвинителството, поради опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
