Автор: Никола Тасев

Четири лица загинаа синоќа во сообраќајна несреќа на Јадранската магистрала во близина на Сењ, откако нивното возило слетало од патот во морето. Службите за итни случаи веднаш реагирале на местото на настанот, а нуркачите извлекле две женски и две машки тела. Се работи на утврдување на причината за инцидентот и смртта.

Прочитај Повеќе

Во Сочи се сретнаа рускиот претседател Владимир Путин и доскорешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик. Путин ја искажал својата поддршка кон Додик, нагласувајќи дека Русија ја поддржува имплементацијата на Дејтонскиот мировен договор и оти е „неприфатливо мешањето на други во внатрешните работи на Босна и Херцеговина”. Воедно Рускиот претседател истакна и дека некои европски центри се обидуваат да направат шарена револуција во Србија. Инаку, на Додик пред неколку месеци му забранија да биде претседател на ентитетот, поради пресуда на сараевскиот суд, а по налог на специјалниот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина кој босанските Срби не го…

Прочитај Повеќе

Новата концертна сезона на Националната опера и балет се отвара вечерва со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием” на Моцарт. Диригент ќе биде Италијанецот, Џанлука Мартиненги, а како солисти ќе настапат: Биљана Јосифов, Николина Јаневска, Јане Дунимаглоски и Владимир Саздовски. Нив ќе ги придружува оркестарот и хорот на НОБ

Прочитај Повеќе

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни македонската полиција во септември, во повеќе различни случаи уапсила над 100 лица. Меѓу нив има и малолетници. Кај уапсените биле откриени и запленети поголеми количини марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, таблети, амфетамин, хероин, дробилки…, информираа од полицијата. Исто така, нараничниот премин „Табановце“ во септември при влез во земјава, во неколку одвоени случаи, кај српски, унгарски, австриски и белгиски државјани, исто така беа откриени кокаин, амфетамин и марихуана.

Прочитај Повеќе

Скопје е претесно да ги прими сите возила кои се движат низ градот. Сообраќајниците се тесни и недоволни, а исто е и со местата за паркирање. Да паркираш возило е голем проблем, особено во централното подрачје како и во Карпош, Аеродром и Кисела Вода. Неретко се случува да се врти на улиците и по 15 минути за да се најде место за паркинг и на места каде тој се плаќа. Скопјани одамна апелираат дека нови паркинг места се неодложно потребни. Нема оправдување што до сега не се направи на ова поле многу повеќе отколку што се направи. А локалните власти…

Прочитај Повеќе

Утрово предвремено почна грејната сезона за потрошувачите приклучени насистемот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Но сепак дел од домовите останаа со студени радијатори, бидејќи Топланите „Исток” и „Запад” поради дефект на улицата Павел Шатев не беа во можност да испорачуваат топлина. Кога ќе се отстрани дефектот останува да се види. Иако, согласно регулативата радијаторите треба да се загреат од 15 октомври, студеното време во овие неколку дена ги вклучи топланите во Скопје. Од снабдувачот посочуваат дека сè до 15 октомври, на нивната веб-страницата секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака…

Прочитај Повеќе

Експлозијата на автомобил-бомба на булеварот „Македонија”, на денешен ден пред 30 години го погоди возилото во кое се наоѓаше претседателот Киро Глигоров. При нападот Претседателот беше тешко повреден, а загина неговиот возач. И покрај тешките последици, Киро Глигоров успеа да закрепне и ја извршуваше функцијата претседател до истекот на својот мандат во 1999 година. Овој трагичен настан, кој и по 30 години останува едно од најконтроверзните и нерасветлени поглавја во македонската историја, претставува потсетник на тешките години од 90-тите, но и симбол на истрајноста и државничката улога на Киро Глигоров во зачувувањето на независна Македонија.

Прочитај Повеќе

Во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и Венко Филипче дека пак се пазарат со Бугарија, на штета на македонските интереси. „СДСМ и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се подготвени да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Резолуцијата со црвени линии на СДСМ, како што реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, не е патриотски чин за Македонија таа е маска позади која се преговара, пазари и дополнително се потчинува и понижува Македонија. „Филипче да каже на јавноста што договорил во…

Прочитај Повеќе

Со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за неговата визија за Карпош. Тој ни кажа дека планира да направи ревизија на плановите за градење, да ја стопира бетонизацијата и да работи на зачувување и проширување на зеленилото во Општината. Целото интервју погледнете го на линкот. https://youtu.be/fG5PFf48vfM?si=Ak1h0pDajdZ3oOy5

Прочитај Повеќе