Легендарниот Светозар Цветковиќ во славната уклога на Игњат Глембај…
На 16 декември (вторник) во 20:00 часот, големата сцена на Македонскиот народен театар ќе стане дом на врвната драма на Мирослав Крлежа – „Господа Глембаеви“, во режија на Данило Маруновиќ, во изведба на Црногорското народно позориште.
✨🎖Светозар Цветковиќ, добитник на Стериина награда за животно дело, со својата сценска харизма ќе го оживее ликот на Игњат Глембај – човекот кој го олицетворува распадот на моралот и триумфот на страста во еден свет на буржоаска иронија и немир.
Покрај него, во претставата настапува извонредна актерска екипа: Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна Лучиќ, Данило Чечебиќ, Павле Прелевиќ, Емир Ќатовиќ, Стеван Вуковиќ, Кристина Мркиќ и Предраг Павиќевиќ.
🎟️ Билетите се достапни на билетарницата на МНТ и онлајн – 1.200 денари (партер) и 1.000 денари (галерија).
🌟 Не пропуштајте ја оваа вечер на драма, страст и актерска виртуозност – средба со делото што ја надминува времето и со актерот кој ја претвора сцената во чиста емоција.
Фото: Facebook
