Автор: Никола Тасев

Горно Водно утрово е побелено. Невообичаено ниските температури за овој дел од годината и обилните врнежи дури и на снег ја забелија планината. Скопјани утрово своите редовни обврски ги започнаа на температура од 3 степени, која во текот на денот едвај се искачи до 8-миот степен. Ваквото време ќе потрае и следниот ден, по што температурите ќе се качуваат, а сонцето повторно ќе не огрее од средината на следната недела.

Прочитај Повеќе

Со варирањето на температурите предвреме пристигна и сезонскиот грип. Од Министерството за здравство ги информираа граѓаните дека годинава навреме е потпишан договор за набавка на 80 000 вакцини против сезонски грип и дека се очекува да пристигнат во текот на следната недела по што вакцинирањето ќе почне од втората половина на октомври. Министерството потсети дека со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население – повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените…

Прочитај Повеќе

Продолжува претставувањето на програмите на кандидатите за локалните избори низ државата и денеска, на петтиот ден од кампањата. Според најавите вечерва главниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Битола, а на СДСМ во Струга и Охрид. Левица ќе биде во Гостивар и Тетово. И другите партии своите кандидати и програми ќе ги претставуваат пред македонските гласачи. Прва Скопска ТВ ја следи изборната кампања на кандидатите за градоначалници во скопските и околните општини, како и за град Скопје преку специјална Изборна хроника секој ден од 17, 19 и 23,20 часот, во која покрај извештаите објавува и интервјуа со кандидатите. Денеска во…

Прочитај Повеќе

На панел дискусија „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани” во Копенхаген, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија. „ЕУ ризикува да се излаже себеси ако зборува за единство и отпорност, оставајќи ја мојата земја и регионот на Западен Балкан изложени токму на овие закани”, рече Сиљановска – Давкова. Во однос на македонскиот евроинтегративен пат, таа потенцираше дека не е логично ЕУ себеси да се дефинира како „единство на различности” и почитување на културните, јазичните и националните идентитети, а од нас да бара да преговараме…

Прочитај Повеќе

Во Судан, околу 750.000 цивили се заробени во градот Ел-Фашер, Северен Дарфур, каде што се соочуваат со сериозна хуманитарна криза. Градот е под опсада од страна на паравоени сили речиси 18 месеци. Меѓународната заедница, се обидува да посредува за отворање хуманитарни коридори, но досега без значителен напредок. Ситуацијата во Ел-Фашер е една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот денес.

Прочитај Повеќе

Во Мароко, протестите предводени од младинско движење ескалираа во насилство, при што полицијата отвори оган врз демонстрантите. Според државните медиуми, две лица загинале, а повеќе од 200 се повредени. Младите во Мароко излегоа на демонстрации организирани преку социјалните мрежи, со барање за подобрување на јавните услуги, особено во образованието и здравството.

Прочитај Повеќе

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтер, синоќа ја погоди западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри од покраината Текирдаг. Речиси истовремено земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди и провинцијата Сантијаго дел Естеро во Аргентина. Со 5,4 степени според Рихтер синоќа се тресеше Чиле. Нема информации за материјални штети или жртви од ниту еден од земјотресите.

Прочитај Повеќе

Во Франција се одржаа масовни протести против предложените буџетски резови на владата на претседателот Емануел Макрон. Овие протести се случуваат во време на политичка нестабилност, бидејќи новоименуваниот премиер, Себастиен Лекорну, се уште не го формирал својот кабинет и не ги претставил деталите за буџетот. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, на протестите учествувале околу 200.000 лица низ целата држава, а синдикатите тврдат дека бројот е многу поголем – над 600.000.

Прочитај Повеќе

Орбан и Фицо заеднички го осудија притисокот од ЕУ и САД за запирање на увозот на руска нафта, велејќи дека тие самите ќе одлучат за својата енергетска политика. „Никој не треба да ни кажува од каде да го набавиме нашиот гас и нафта, бидејќи според меѓународното право, суверена земја сама одлучува за тоа”, рече словачкиот премиер Фицо на средбата со унгарскиот премиер Орбан. Фицо ја поддржа позицијата на Орбан, нарекувајќи ги притисоците на ЕУ за прекин на купувањето руска нафта како „политичка и идеолошка одлука”, која не само што најтешко ќе ги погоди Словачка и Унгарија, туку ќе и наштети…

Прочитај Повеќе

Израелските поморски сили пресретнаа хуманитарната флота која пловеше кон Појасот Газа. Привеле повеќе од 400 активисти од 41 брод. Операцијата, траела околу 12 часа, а осомничените биле предадени на израелската полиција. Израел ја оправдаа акцијата со тврдење дека бродовите се обидувале да влезат во води под израелска контрола без дозвола. Во многу европски градови ова акција на Израел беше повод за масовни демонстрации и негодувања.

Прочитај Повеќе