Премиерот Христијан Мицкоски и овојпат во Брисел ги повтори цврстите ставови во врска со македонската евроинтеграција. Тој на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во пријателска и прилично продуктивна атмосфера истакнал дека останува на македонските единствени позиции кои, како што нагласил, се навистина позиции достоинствени после сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото.
Воедно тој со високиот функционер од Брисел разговарале и за проекти што се за Македонија стратешки важни, како што е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово, како и за тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
