Претседателот на СДСМ Венко Филипче, заедно со кандидатите за градоначалници за Скопје и Кисела Вода, Каја Шукова и Горан Трајковски беа во посета на паркот во Кисела Вода од каде испратија пораки дека со конкретна програма и работа на терен резултатите ќе дојдат и во Кисела Вода. „Мислам дека ова е еден добар пример како треба да се однесува градот кога се планираат содржини за сите категории на граѓани конкретно овој парк којшто направен во времето на претходниот градоначалник Петре Шилегов за жал е не одржуван, е запуштен, нечист со едноставно никакви до содржини и развој после неговиот мандат. Имаме…
Автор: Никола Тасев
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата. Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива. „Градот ќе обезбеди субвенции за сите граѓани кои повторно ќе се приклучат на централното греење, како и за новите семејства што ќе се вклучат во системот“, додаде таа. Во рамките на програмата, Градот ќе обезбеди и чистење и одржување на оџаците,…
„Продолжуваме со разобличување на лагите на Орце Ѓорѓиевски – човекот кој по четири години неуспешно управување со Кисела Вода, сега сака да ја прошири својата неработа кон цело Скопје. Неговите најголеми невистини се дека има „90% реализација на програмата“, објави денеска на прес-конференција на Емил Николовски од СДСМ. Од опозициската партија обвинија дека Ѓорѓиевски ветувал „Туристичко Драчево“, ревитализација на старата чаршија, уредување на пешачки зони и културна понуда за развој на домашен туризам, но за четири години, населбата останала во запуштена состојба, без ниедна реконструирана фасада, без осветлување, без сигнализација, без туристичка понуда. „Ѓорѓиевски ветуваше субвенции и проекти за изградба…
СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се подготвени да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција. Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е подготвен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција. Тој го праша Венко Филипче да каже што договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нуди? https://youtu.be/5IbA9wa7At8?si=GNEkizSkekxKVxvK&t=8
„Денеска сме во посета на пазарот во Автокоманда – место кое со години претставува срцето на локалната економија и автентичен дел од животот во нашата општина. Од овде сакаме да испратиме јасна порака дека пазарите ќе продолжат да живеат и да се развиваат, а ние како општина ќе преземеме конкретни чекори за тоа да се случи“ изјави денеска Влатко Митовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Гази Баба. „Нашата цел е да создадеме уреден, фер и поттикнувачки систем за сите кои се занимаваат со пазарска дејност, додаде Митовски. Затоа, сите пазарџии ќе бидат стимулирани со субвенции од 50% од котизацијата…
Вонредна состојба е прогласена во бугарските приморски општини Несебар и Царево, откако по поројните дождови и поплави загинаа три лица. Според официјалните извештаи, една жртва е пронајдена во подрум на хотел во Елените, а загинаа и багерист-доброволец кој расчистувал и граничен полицаец, додека спасувал други лица. Штетите се огромни, а се стравува дека по повлекувањето на водата, бројот на загинати може да се зголеми. Во населбата Изгрев наврнале над 410 л/м², а во градот Царево – околу 225 л/м², што довело до оштетувања на патната инфраструктура, се урнале мосто и се потопиле објекти. Населението од погодените мести е евакуирано. Војската…
Во Минхен, двете писти на аеродромот повторно се затворени вечерва, помалку од 24 часа по претходното затворање, поради нова појавата на неидентификувани дронови. Пилот на лет кон Лондон им соопштил на патниците дека се видени дронови и дека полицијата активирала хеликоптери во воздух. Претходно, синоќа, 17 полетувања беа откажани, а 15 пристигнувања пренасочени кон други градови како Штутгарт, Франкфурт, Виена и Нирнберг, заради безбедносни мерки. Околу 3.000 патници биле погодени од прекините, а некои морале да останат на аеродромот преку ноќ. Германските власти покренаа темелна истрага за потеклото и идентитетот на дроновите.
Изборна хроника на Прва Скопска ТВ, секој ден од 17.00; 19.00 и 23.20 часот. Најновите активности на кандидатите за градоначалници за скопските општини и за Град Скопје https://youtu.be/c1VF7PgCRq4?si=bgi2LYo4cMSllud_
Марјан Димитриев од Левица ни објасни што прво ќе направи откако ќе биде избран за градоначалник на Аердром. Тој ги лоцираше главните проблеми во оваа Општина. Погледнете го целото интервју на следниот линк. https://youtu.be/guaizPu93Tk?si=IXKWrdU20QCLtk5L
Со Јане Ацевски, кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од Левица разговаравме за неговите мотиви да се нафати на изборна трка, како и за тоа кои му се главните приоритети кога би бил избран за прв човек на Општината. Целото интервју погледнете го во продолѓение на линкот https://youtu.be/VE1BZNqxYb4?si=LdU0FzyAq8w6FnTb