Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/VGTmBLQBTTM?si=LAQNeC8YYF7c22am
Автор: Никола Тасев
Што е ново во Скопје? Инфоскоп – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16.00,18:00, 23:10 и 07:10 часот. https://youtu.be/HgfZbIr5OrQ?si=WSzEyx_I2Sg9pTkN
Блиц вести на Прва Скопска ТВ. Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот. На секој час. https://youtu.be/DQvttZbRStQ?si=mNb-LUvdnlhIseUt
Доколку до понеделник 6 октомври не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти. Тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, соопшти денеска сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во моментов се доспеани 90 милиони денари. – Долгот кон нас не е подмирен од април, односно од пред шест месеци. Денеска имавме план да прекинеме…
До официјалниот почеток на грејната сезона, 15 октомври, сите дефекти во скопскиот топлификациски систем ќе бидат отстранети. Ова денеска го соопшти Владата. Од таму стигна објаснување дека за време на летните проби откриени се околу 80 дефекти во дистрибутивната мрежа во Скопје кои се санирани. Но, како што посочуваат поради староста на мрежата настанале нови пукнатини на два секундарни вода, по што одредени реони во Скопје, привремено останаа без топлинска енергија на 2 и на 3 октомври. Сето тоа како што е најавено ќе се поправи до 15 октомври.
Во недела повеќето од улиците низ Центар, Аеродром и Карпош ќе бидат затворени, затоа што ќе се одржува традиционалниот Скопски маратон. Како што соопштија организаторите пријавени се повеќе од 14.000 тркачи од 58 држави. Тие ќе се натпреваруваат во четири дисциплини: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на 5 км.
Во Кинотека денеска ќе биде прикажан филмот „Еко-Скоп” од уметникот Коле Манев, а ќе се одржи и дискусија за одржливо земјоделство. Настанот го организираат „Гоу Грин” и Чешката амбасада во Скопје, а целта е подигнување на свеста за еколошките прашања. Дискусијата ќе ја води реномирана земјоделска едукаторка од Чешка која со својата експертиза и искуство во одржливите практики ќе понуди вредни сознанија за еколошките техники во земјоделството и за други поврзани теми. Сесијата ќе биде отворена за сите учесници заинтересирани да дознаат нешто повеќе за поврзаноста на земјоделството и еколошката одржливост.
Скопје ќе пулсира во ритамот на традиционалната манифестација „Бела ноќ”, која е во организиација на Град Скопје. Целиот град утревечер ќе се претвори во отворена уметничка сцена со концерти, изложби, литературни читања, мултимедијални изведби и перформанси достапни за сите граѓани и посетители. Програмата вклучува разни настани на различни локации, а организаторите истакнуваат дека „Бела ноќ” е симбол на културната отвореност на Скопје и можност за поврзување на граѓаните и уметниците преку заедничко креативно искуство.
Слоу Фуд Водно в сабота во локалот „Јавна соба” по четврти пат ќе го организира Фестивалот на биодиверзитетот – празник на автентичноста, локалното производство, здрави корења и полни софри. Организаторите најавуваат дека овојпат, во фокусот ќе биде планинскиот чај. Целта и оваа година е поддршка за малите производители, кои ја чуваат традицијата, но чекорат со современите вредности и трендови. На фестивалот ќе учествуваат над 25 производители од цела Македонија.
Вработените во фирмите-ќерки „Флораком” и „Луна”, кои се дел од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, ќе продолжат со блокадите на улицата Илинденска се додека не им се исплати августовската плата. Претседателот на Синдикатот за комунално стопанство, Стојанче Кашиковски, предупреди дека најголем проблем е што вработените од овие фирми се оставени и без здравствено осигурување. Тој ја потенцираше итната ситуација, нагласувајќи дека во двете фирми има голем број вработени кои се хронично болни.