Презентација на 12 закони од областа на здравството ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Ќе бидат презентирани стручни предлози, мислења и препораки доставени од фелата во насока на унапредување на здравствениот систем. Како што е најавено, пред почетокот на презентацијата ќе се обрати министерот за здравство Азир Алиу.
Автор: Никола Тасев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Албанија на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”. Во фокусот на годинашниот состанок, како што соопштија од нејзиниот Кабинет, ќе бидат неколку теми: европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност. Процесот „Брдо-Бриони” е заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.
Изборна хроника на Прва Скопска ТВ, секој ден од 17.00; 19.00 и 23.20 часот. Најновите активности на кандидатите за градоначалници за скопските општини и за Град Скопје. https://youtu.be/xqizdQ5qVTI?si=vRpV8KseM1KpjJPo
Александар Трајановски, кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Аеродром ни ги претстави неговите планови доколку ја добие довербата од гласачите. Тој ни кажа дека во центарот на неговото идно работење како градоначалник ќе бидат младите, разубавувањето на општината и средување на инфраструктурата. Целото интервју може да го погледнете на следниов линк. https://youtu.be/SftBoXosijs?si=t4QgRNRt0Kcfl98S
Со Александар Георгиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Илинден, поразговаравме за неговите планови доколку гласачите му доверат уште еден мандат. Го прашавме и зошто мисли дека ја заслужува довербата на жителите на Илинден и што пропуштил да реализира во актуелниот негов мандат? Целото интервју погледнете го на линкот https://youtu.be/jGi7naUSzcY?si=XvcAX__tokzayiEb&t=141
Изборна хроника на Прва Скопска ТВ, секој ден од 17.00; 19.00 и 23.20 часот. Најновите активности на кандидатите за градоначалници за скопските општини и за Град Скопје https://youtu.be/h5Sg1eQynFo?si=m8fdTeV-GSCKcZDD
Повеќе булевари и улици во Скопје денеска ќе бидат затворени за сообраќај. Причина е одржувањето на Виз Ер Скопски маратон. Тркачите, кои годинава се пријавени во рекорден број пред околу еден час веќе тргнаа од стартот пред Собранието. Над 14.000 натпреварувачи од 58 држави ќе трчаат по улицата „11 Октомври“ пред Собранието во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, па ќедо семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст…
Се навршуваат 25 години од Петтооктомвриските промени во Србија, кога во 2000 година, илјадници граѓани излегоа на улиците на Белград во знак на протест против владеењето на тогашниот претседател Слободан Милошевиќ. Протестите беа предизвикани од контроверзните претседателски избори, кога Изборната комисија ја оспори победата на Војислав Коштуница, тогашен кандидат на опозицијата. Граѓаните на Србија беа незадоволни и од политичките и економските услови. Тие побараа почитување на изборната волја и спроведување на демократски промени. Активна улога во оргазнизирање на промените имаа студентските организации и граѓанските движења кои го мобилизираа населението. Протестите кулминираа со повлекување на Милошевиќ и признавање на изборниот пораз,…
„Кандидатот на СДСМ, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици. Токму ваквите згради зад мене се причината и заради која СДСМ, Филипче и Заев го поддржуваат Јакимовски и се во тајна коалиција со него, пуштајќи го нивниот партиски кандидат низ вода“, изјави денеска носителот на кандидатската листа за советници во скопски Карпош Христо Саракинов. Јакимовски, како што кажа Саракинов, во својата изборна програма од 2021 година ветил ни помалку ни повеќе туку 250.000.000 м2 нови зелени површини во општината, а четири години потоа во Карпош не само што нема нови зелени површини, туку…
Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради на територијата на Карпош се дел од проектите на Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник. „Знаеме дека голем број згради, особено постарите, со години се соочуваат со исти проблеми: дотраени фасади, нефункционални лифтови и недоволна заштита на влезовите. Со овој проект воведуваме и субвенции за целосна реконструкција на фасадите со што ќе постигнеме поголема енергетска ефикасност, пониски сметки за греење и ладење и поубава урбана слика за Карпош. Истовремено ќе обезбедиме замена на сите клучни безбедносни компоненти на постоечките лифтови, од сајли сопирачки до ултразвучни механизми…