Автор: Никола Тасев

Андреј Бабиш, десничар и поранешен чешки премиер, победи на парламентарните избори со околу 35 % од гласовите. Го нарекуват и чешки Трамп. За да формира влада, ќе му биде потребна соработка со други десничарски партии. Во Брисел владее загриженост дека победата на Бабиш може да ја намали поддршката за Украина и да ја оспори агендата на ЕУ по прашања за имиграцијата и зеленита политики. Очекувањата се дека Чешка ќе се приближи до позиции на Унгарија и Словачка.

Прочитај Повеќе

Франција доби нова влада, но со најголем дел од старите лица, по едномесечните преговори што ги водеше новиот премиер Себастијен Лекорни. Од вкупно 18 министри, дури 13 беа дел од претходниот состав. Нов министер за економија и финансии ќе биде Роланд Лескир, кој ќе се соочи со сериозен предизвик во подготовката на буџетот за 2026 година, што беше и причина за падот на претходната влада. Дека веќе подолгата криза во Франција не е при крај најави и опозицијата истакнувајки дека ќе ја собори и оваа новоформирана влада.

Прочитај Повеќе

Претседателските и парламентарните избори во Србија веројатно ќе се одржат во декември 2026 година, а можеби и порано, најави претседателот Александар Вучиќ. Тој истакна и дека не планира да го менува Уставот, за да може да се кандидира за уште еден мандат. Неговиот мандат формално истекува во 2027 година.

Прочитај Повеќе

Во место Финикунда, во Грција, тинејџер изврши двојно убиство во туристички камп, откако не сакале да му дадат соба. Жртви се 70-годишниот сопственик на кампот и маж на возраст меѓу 50 и 55 години. Напаѓачот, кој според првичните информации е малолетен, по злосторството побегнал од местото на настанот. Полицијата започна интензивна истрага, користејќи безбедносни камери и сослушувајќи сведоци, за да го идентификува напаѓачот и да го утврди мотивот.

Прочитај Повеќе

Двете иницијативи за изгласување недоверба на Европската комисија односно на Урсула фон дер Лајен се меѓу главните теми на дневниот ред на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Сесијата ќе започне доцна попладнево со дебата по двете иницијативи за изгласување недоверба на фон дер Лајен предложени од десничарската група Патриоти за Европа и од тамошната Левица. По еден претставник на предлагачите ќе ги образложат инцијативите, по што се очекува пред европратениците да се обрати и Фон дер Лајен. Изјаснувањето на пратениците одвоено по двете иницијативи е предвидено за в четврток.

Прочитај Повеќе

Еден Хрват загина во лавина во словенeчките Алпи, а уште двајца се водат како исчезнати. Спасувачите соопштија дека потрагата ќе продолжи денес, откако синоќа била прекината поради тешки временски услови. И покрај предупредувањата за лоши временски услови, тројца Хрвати од Далмација во неделата наутро тргнале кон врвот Тоск во Јулијските Алпи. Останатите од групата што останале во планинарскиот дом биле евакуирани од спасувачите од Горскиот спасувачки сојуз на Словенија.

Прочитај Повеќе

Националниот џез оркестар заедно со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од Џез академијата утре во Штип ќе одржи концерт во малата сала на Филхармонијата. „Ова е концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. Заедно да ја откриеме иднината на македонската џез сцена и да ги поддржиме младите уметници на нивниот творечки пат”, велат од Националниот џез оркестар.

Прочитај Повеќе

Целата територија на Македонија се уште е под ладен и врнежлив бран. Најмногу дожд во последните 24 часа наврнало во Крушево – 10 литри на метар квадратен, во Претор осум, а во Битола четири литри на метар квадратен. Утрово најстудено беше во Берово и во Крива Паланка, каде беа измерени осум степени, додека најтопло беше во Демир Капија со 13 степени.

Прочитај Повеќе

Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка, обвинија од СДСМ. Александар Димитриевски од Комисија за земјоделство на оваа партија кажа дека ветената цена за откуп од 45 денари за килограм од Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е реализирана. „Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Проблем е и што субвенциите од минатата година за пиперката се уште не се исплатени, реагираа од СДСМ. Со реакција на обвинувањата од СДСМ, излезе министерот за земојделство Цветан Трипуновски кој тврди дека откупот на пиперката ајварка се одвива непречено, оти е договорена…

Прочитај Повеќе

Образовниот систем е еден од столбовите на државата. А столб во тој систем треба да е наставникот. Колку е ценета оваа професија во Македонија? Колку институционално се помага на наставниците кои се судруваат со разни предизвици и потреби? На овие прашања често треба да дава одговор ресорното министерство. Вчера беше празникот на просветните работници. Имаше разни пригодни функционерски говори, се даваа и признанија за најдобрите наставници. Беше најавен и почеток на кампања за подигнување на јавната свест за суштинската важност и незаменливата улога на наставниците во општеството. Да се надеваме дека ова е само почеток на она што треба да…

Прочитај Повеќе