Со Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за неговите приоритети за Ѓорче Петров, ако повторно биде избран за градоначалник. Тој ни кажа дека има многу проекти и едвај чека да заврќат изборите за веднач да продолжи со реализација на започнатото во досегашниот негов мандат. Целото интервју погледнете го на следниот линк. https://youtu.be/XUOXSuKsZac?si=8120-Vg8Rk0qKO1J
Автор: Никола Тасев
Изборна хроника на Прва Скопска ТВ, секој ден од 17.00; 19.00 и 23.20 часот. Најновите активности на кандидатите за градоначалници за скопските општини и за Град Скопје. https://youtu.be/Sxz01ThySGk?si=xVt9VSFg8buOLbTH
Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/rYPN63wzhVU?si=iMN-QpOfHQEuy2Ef
Вчера денот беше убав и погоден за маратонците во Скопје. Зошто не беше погоден и за скопјани кои во мал број излегоа да го следат најголемиот спортски настан годинава во кој имаше дури 14.000 учесници, меѓу кои врвни атлетичари од Кенија, како и нашиот супер маратонец Дарио Ивановски и други негови македонски колеги? Маратоните во светските градови се настан, атракција, не само спортска, туку комплетна општествена и социјална манифестација. Фестивал на енергијата на секој град домаќин. Бостон живее за маратонскиот викенд, Париз и Лондон со посебни програми привлекуваат, не само натпреварувачи, туку и туристи од цел свет, а улиците се…
Што е ново во Скопје? Инфоскоп – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16.00,18:00, 23:10 и 07:10 часот. https://youtu.be/m40-eYt4JTs?si=6wytBUZQNW8EzIR7
Блиц вести на Прва Скопска ТВ. Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот. На секој час. https://youtu.be/0tAcK-EuaAo?si=xM-e_XPcYcZQCqIj
Администрацијата на Доналд Трамп најави дека ќе започне масовни отпуштања на федерални вработени доколку преговорите со демократите за прекин на делумната блокада на владата не доведат до решение. Блокадата на работата на владата трае од 1 октомври, откако демократи одбија да се изгласа краткорочен закон за финансирање, кој требаше да овозможи функционирање на многу федерални агенции.
Ескалира политичката ситуација во Грузија. По убедливата победа на владеачката партија на локалните избори, демонстранти предводени од проевропската опозиција се обидоа да упаднат во дворот на претседателската палата во Тбилиси, што предизвика судири со полицијата. Во инцидентите биле повредени 21 полицаец и шест демонстранти, додека пет лица се уапсени. Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, изјави дека демонстрантите се обиделе да ја соборат владата и ја обвини ЕУ за мешање во внатрешните работи на земјата.
Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата, соопштува Регултаротната комисија за енергетика. Со нови намалени цени ќе бидат сите видови на горива. ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+ кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари. Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, односно од утре ќе се продава по цена од 68 денари. Поевтинува и цената на мазутот, од 37,6,…
Приватните автобуси денеска возеа само до 10 часот. Така ќе биде и во следните денови доколку од ЈСП не им се надмири долгот од 90 милиони денари. Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив изнесува 170 милиони денари. Тие велат дека им е кажано оти Град Скопје префрлил дел од средствата кон ЈСП, но не е јасно каде се насочени парите. Превозниците најавуваат дека ограничениот режим ќе трае додека не се изврши исплатата.