Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Времеплов»(Видео) Дневен времеплов – 06 ноември
    Времеплов

    (Видео) Дневен времеплов – 06 ноември

    07/11/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Враќање во минатото.

    Што се случило на денешен ден?

    Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ

    6 ноември

    На денешен ден во 1661 година е роден шпанскиот крал Карлос II, последен монарх од династијата на шпанските Хабсбурговци. Тој на престолот стапил како четиригодишник во 1665 година и владеел до 1700 година. Бидејќи немал наследник, по неговата смрт започнала војната за шпанското наследство, во која се судриле Франција, Австрија, Англија и Савоја.
    На овој датум во 1813 година Мексико ја прогласило својата независност. Поттикнати од настаните во Северна Америка, свештениците Хидалго и Моралес повеле востание против шпанските колонизатори. Хидалго бил погубен, а Моралес ја продолжил борбата и токму на овој датум ја прогласил независноста на Мексико.
    На денешен ден во 1814 година е роден белгискиот производител на дувачки инструменти Адолф Сакс, кој во 1840 година го измислил саксафонот.
    На овој датум во 1825 година е роден францускиот архитект Жан Луј Шарл Гарние, автор на прочуената Париска опера, како и на Казиното во Монте Карло и Опсерваторијата во Ница.
    На овој датум во 1860 година Абрахам Линколн бил избран за претседател на САД.
    На денешен ден во 1861 година е роден канадскиот професор Џејмс Нејсмит – пронаоѓачот на кошарката.
    На овој датум во 1880 година францускиот микробиолог Шарл Луј Лаверан ја открил причината за маларијата, откривајќи под микроскоп нова форма на микроорганизми кои ја предизвикуваат болеста.
    На денешен ден во 1893 година во Санкт Петербург умрел Петар Илич Чајковски – најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на XIX век, автор на „Лебедово езеро“, „Ромео и Јулија“ и „Евгениј Онегин“.
    На овој датум во 1909 година во Куманово е роден Трајко Прокопиев – истакнат македонски композитор, диригент и прв директор на Средното музичко училиште во Скопје.
    На овој датум во 1917 година, по пет месеци жестоки борби, завршила третата битка кај белгискиот град Ипр во Првата светска војна, со над 240.000 загинати.
    На денешен ден во 1942 година во селото Битуше, Гостиварско, проработила првата партизанска печатница во Македонија – „Гоце Делчев“.
    На овој датум во 1943 година советската армија во Втората светска војна ги протерала Германците од Киев, кој бил повеќе од две години под окупација.
    На денешен ден во 1999 година Австралијците на референдум ја отфрлиле идејата за укинување на монархијата и воведување република.
    На овој датум во 2007 година умрел Енцо Бјаџи, познат италијански новинар и долгогодишен уредник на емисијата „Ил Фато“ на РАИ, автор на повеќе од 80 книги.

    Поврзани вести:

    (Видео) Дневен времеплов – 06 август

    (Видео) Дневен времеплов – 06 август

    (Видео) Дневен времеплов – 05 август

    (Видео) Дневен времеплов – 05 август

    ВРЕМЕПЛОВ: На овој ден во 1903 година во Крушево влегол Штабот на востаниците, предводен од Никола Карев

    ВРЕМЕПЛОВ: На овој ден во 1903 година во Крушево влегол Штабот на востаниците, предводен од Никола Карев

    МЕПСО ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна

    МЕПСО ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна

    Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност

    Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност

    (Видео) Дневен времеплов – 07 април

    (Видео) Дневен времеплов – 07 април

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Дневен времеплов – 06 август

    06/08/2026

    (Видео) Дневен времеплов – 05 август

    05/08/2026

    ВРЕМЕПЛОВ: На овој ден во 1903 година во Крушево влегол Штабот на востаниците, предводен од Никола Карев

    04/08/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.