Враќање во минатото.
Што се случило на денешен ден?
Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ
5 ноември
На денешен ден во 1492 година, морепловецот Христифор Колумбо во својот дневник запишал дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“ — првиот пишан документ во кој се спомнува пченката.
На овој датум во 1831 година е роден Џемс Клерк Максвел, британски физичар и еден од најголемите теоретичари на 19 век. Тој ги формулирал познатите Максвелови равенки и ја поставил теоретската основа за радиобрановите и радиотехниката.
На денешен ден во 1912 година, за претседател на САД бил избран Вудро Вилсон, единствениот претседател кој на избори победил двајца поранешни шефови на државата — Вилијам Тафт и Теодор Рузвелт.
На овој датум во 1913 година е родена британската актерка Вивиен Ли, која светска слава стекнала со улогата на Скарлет О’Хара во филмот „Однесено со виорот“, за која добила Оскар.
На денешен ден во 1914 година, Франција и Велика Британија ѝ објавиле војна на Турција, вклучувајќи ја во Првата светска војна.
На денешен ден во 1930 година, починал холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, откривач на причините за болеста бери-бери.
На овој датум во 1940 година, Франклин Рузвелт бил по третпат избран за претседател на САД, победувајќи го републиканецот Вендел Вилки.
На денешен ден во 1944 година, починал францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година, познат по пионерската работа во областа на трансплантацијата на ткива.
На денешен ден во 1960 година, починал Мак Сенет, пионер на бурлескната комедија и човекот кој му го отворил патот на Чарли Чаплин.
На денешен ден во 1968 година, на сцената на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје била изведена премиерата на операта „Цар Самуил“ од композиторот Кирил Македонски.
На овој датум во 1969 година, САД го лансирале вселенскиот брод „Маринер-3“ кон Марс, но мисијата завршила неуспешно поради технички проблеми.
На овој датум во 1996 година, Бил Клинтон убедливо победил на претседателските избори во САД, освојувајќи 40 држави.
На денешен ден во 1996 година, Пакистанскиот претседател ја сменил премиерката Беназир Буто, обвинувајќи ја за корупција и непотизам.
На овој датум во 2003 година, Европската комисија донела одлука за проширување на Европската унија со десет нови членки од 1 мај 2004 година.
На овој датум во 2006 година, поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин бил осуден на смрт со бесење за злосторства против човештвото.
На денешен ден во 2006 година, починал поранешниот турски премиер Булент Еџевит, познат по тоа што наредил интервенција на Кипар во 1974 година.
