Враќање во минатото.
Што се случило на денешен ден?
Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ
4 ноември
На денешен ден во 1307 година – Швајцарските кантони прогласиле дека не ја признаваат хабзбуршката власт, што подоцна било почеток на швајцарската држава.
На овој датум во 1650 година – Роден е англискиот крал Вилијам III, кој во текот на владењето од 1689 до 1702 година ја зацврстил кралската власт и ја јакнел економијата и капиталистичките структури.
На овој датум во 1847 година – Умрел германскиот композитор Феликс Менделсон, основач на конзерваториумот во Лајпциг и познат романтик. Во 1840 година како пијанист, Менделсон дебитирал на девет години, првата симфонија ја напишал на 15, а мајсторското дело за „Сонот на летната ноќ“ на 16 години.
На овој датум во 1890 година – Во Лондон била отворена првата подземна железница во светот – метро.
На овој датум во 1918 година – Силите на Антантата се согласиле со условите за капитулација на Германија, засновани на „14 точки“ на претседателот Вудро Вилсон.
На денешен ден во 1921 година – Јапонскиот премиер Такаши Хар бил убиен во атентат.
На овој датум во 1922 година – Во Долината на кралевите кај Луксор, археологот Хауард Картер го открил гробот на фараонот Тутанкамон.
На денешен ден во 1931 година – Лигата на народите ја обвинила Јапонија за агресија врз Манџурија, а земјата ја напушти организацијата во 1933 година.
На овој датум во 1944 година – Единиците на Народно ослободителната војска на Македонија го ослободиле градот Битола по повеќедневни борби.
На денешен ден во 1946 година – Основана е УНЕСКО за решавање на проблемите со образованието, а подоцна и за заштита на културното и историското наследство.
На овој датум во 1952 година – Републиканецот Двајт Ајзенхауер победил на претседателските избори во САД.
На денешен ден во 1956 година – Советската армија ја задушила буната во Унгарија, а Јанош Кадар станал премиер.
На овој датум во 1966 година – Италија ја погодиле најголемите поплави во нејзината историја, а Фиренца претрпела огромни штети на културното богатство.
На денешен ден во 1979 година – Исламски студенти ја окупирале амбасадата на САД во Техеран и држеле 52 заложници 444 дена, барајќи екстрадиција на шахот Реза Пахлави.
На овој датум во 1980 година – Републиканецот Роналд Реган бил избран за претседател на САД.
На овој датум во 1995 година – Израелскиот премиер Јицак Рабин бил убиен додека го напуштал мировниот митинг во Тел Авив.
На овој датум во 2004 година – Соединетите Американски Држави ја признаа Република Македонија под уставното име.
На овој датум во 2016 година – Починал францускиот композитор Жан-Жак Пери, пионер на електронската музика, познат по соработката со Гершон Кингсли и создавањето на албуми и џинглови за Дизниленд и ТВ серии.
