Автор: Никола Тасев

Лишено од слобода 41 годишно лице од скопско Мирковци, кое било фатено како краде нафта од училиште, соопшти полицијата. Тој, синоќа око 21 часот бил затекнат во дворно место од основно училиште во селото Сандево, Скопско, како од резервоарот за нафта одзема нафта. Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај Повеќе

Се нормализира превозот во Скопје, откако денес линиите на приватните превозници се вратија во нормално функционирање. Вчера попладне им бил исплатен дел од долгот, кој беше причина приватните авобуси да возат само до 10 часот. Скопјани задоволни дека нема да бидат ставени во незавидна ситуација да чекаат автобуси кои нема да дојдат, но и стравуваат дека наскоро повторно ќе се најдат во истата ситуација, затоа што ситуацијата не се решава системски. Превозниците нагласуваат дека иако сумата од по 6 милиона денари што им била исплатена е мала во однос на севкупниот долг, сепак ќе е доволно да издржат десетина дена…

Прочитај Повеќе

Синоќа на скопските улици вистинска филмска бркотница на полицијата со “ренџ ровер“ во кој се наоѓале двајца осуденици, кои биле на отпуст од затворот „Идризово“. Како што соопштија од полицијата додека возилото со движело по улицата „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанало на даден знак од полициски службеници, по што тргнала полициската потера. Бегалците се упатиле кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје-Велес, каде биле пресретнати од полициското возило. Откако повторно не застанале и удриле во полициското возило, полицаецот испукал предупредувачки куршуми во воздух. Бегалското возилото продолжило да се движи со голема брзина и во близина…

Прочитај Повеќе

Многу дивоградби се распослани низ Скопје. Вчерашната информација дека ќе се рушат дивоизградените објекти на спортскиот аеродром Стенковец охрабруваат дека конечно ќе се застане на патотот на незаконските градења. Но, скопјани прашуваат дали охрабрувањето ќе има краткотрајно дејствие. -Искуството ни вели дека ќе им простат на многуте дивоградби. Бараме овој пат да тргнат потемелно во рушењето и конечно да воведат ред во скопскиот градежен хаос, истакна еден граѓанин на социјалните мрежи. Друг скопјанец потсети на спектакуларната најава од пред 5-6 години за војна против дивоградбите на тогашната влада на Зоран Заев која почна со рушењето на објектот пред Мавровка. Но…

Прочитај Повеќе

Вооружен напад попладнево во Куманово. Од автомобил во движење пукано е врз друг автомобил во кое имало едно лице, кое со потешки повреди итно е префрлено на Скопскиот клинички центар. Како што дознаваме нападнатиот не е во животна опасност, а имал 4 прострелни рани во пределот на левата рака и десната нога. Нападот се случил пред крстосницата на општинската зграда во Куманово, на само 50-тина метри од полициската станица. МВР соопшти дека денеска во 13.54 часот на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово, нападот го извршиле две лица во движење, кога од огнено оружје пукале во…

Прочитај Повеќе

Извод за новороденче во Македонија конечно ќе се добива по електронски пат. Како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација родителите преку Националниот портал за услуги uslugi.gov.mk ќе поднесат барање за извод и ќе го добијат најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето. Министерот Андоновски рече дека истото ова се планира да важи и за приватните болници. Од канцеларијата на УНИЦЕФ бил поддржан проектот е-бебе а родителите е потребно само да креираат профил на порталот uslugi.gov.mk. “Министерството за дигитална трансформација искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции, Министерството…

Прочитај Повеќе

Државата Илиноис и градот Чикаго ќе го тужат претседателот Трамп затоа што распоредува војска која, според него, треба да воведе ред на тамошните улици. Ова не е прва држава каде што се случува ова, оти во последните месеци припадници на Национална гарда по негова наредба се веќе присутни во Вашингтон, Мемфис и Портланд, што предизвика различни реакции од јавноста. Трамп тврди дека употребата на федерални сили е неопходна за сузбивање на насилство во градовите, борба против криминалот и поддршка во справувањето со нелегалните доселеници, но од друга страна, неколку демократски гувернери му одат контра и остро се спротивставуваат. Тој сепак…

Прочитај Повеќе

Плаќањата во евра кон земјите од Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, од денеска се со пониски банкарски провизии за граѓаните и компаниите во Македонија. Според гувернерот Трајко Славески, македонските граѓани и компании ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и тие во земјите од ЕУ. Според официјално објавените информации, девет македонски банки се целосно подготвени да извршуваат плаќања во рамките на шемата SEPA Credit Transfer уште од денес, a oстанатите три банки го финализираат приклучувањето до крајот на првиот квартал 2026, во роковите утврдени од Народната банка. Клучната придобивка е во провизијата и…

Прочитај Повеќе

Во Европскиот парламент траат разговори околу гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Европратеникот Џордан Бардела, лидер на „Патриоти за Европа”, ја обвини Фон дер Лајен за „трговско предавање на Европа”, истакнувајќи дека договорите со САД се симболи на падот на ЕУ под нејзино водство. Манон Обри од Левица остро ја критикуваше претседателката на ЕК дека луѓето страдаат поради мерките за штедење, а таа има пари за тенкови, но не и за болници. Според неа, дури 60 проценти од граѓаните на ЕУ сакаат Фон дер Лајен да ја напушти Комисијата. Во своето обраќање, Урсула фон…

Прочитај Повеќе