Градоначалникот Ѓорѓиевски посочи дека за неполни два дена од неговиот мандат, во јавните претпријатија на Град Скопје биле откриени речиси 400 лица кои биле на платен список, а воопшто не доаѓале на работа.
Според него, овие лица го чинеле буџетот на граѓаните најмалку 5 милиони евра годишно, или 20 милиони евра за еден четиригодишен мандат.
„Тоа е Луна паркот кој што треба да го направиме“, рече Ѓорѓиевски.
Најголемата бројка на вакви случаи, околу 170 лица, биле евидентирани во „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“.
Ѓорѓиевски категорично изјави дека „прошка и милост нема да има за никого“ и ги повика надлежните институции да влезат во претпријатијата и да ги истражат овие случаи, најавувајќи дека ќе бара одговорност без оглед на партиска, верска или национална припадност.
Тој најави дека јавно ќе ги објави имиња и презимиња на овие лица ќе бидат јавно достапни. Јавноста веќе побара од него да се побара одговорност од оние кои го дозволиле ова, но и да се поведат постапни фанстомските работници да ги вратат платите.
