Франција оди кон предвремени избори. Државата која е еден од столбовите на ЕУ веќе подолго време е во политичка криза а нивниот последен премиер траеше само два дена. Францускиот претседател Емануел Макрон размислува за распуштање на Националното собрание и распишување предвремени парламентарни избори, можеби веќе на 16 и 23 ноември, објави „Франс 24“. Во меѓувреме во оваа држава економската ситуација се влошува, растот за 2025 година е проектиран на само 0,8%, а кризата може дополнително да го намали за 0,5 процентни поени. Се погласни се барањата од опозицијата но и од дел од јавноста и претседателот Макрон да си поднесе…
Автор: Никола Тасев
Додека траат преговорите за мир во Појасот Газа, објавена е бројката на речиси 63.000 Палестинци загинати досега во конфликтот меѓу Хамас и Израел. Пojасот Газа е речиси целосно разрушен, а стотици илјади луѓе се раселени. На маса на преговарачите е мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува создавање меѓународна преодна управа во Газа, под раководство на поранешниот британски премиер Тони Блер. Управата би траела од три до пет години, со цел постепен пренос на власта на „реформирана палестинска власт”.
Воружените сили на Србија и Унгарија одржаа заедничка воена вежба нарешена „Соседи 25″. Како што соопштуваат од Белград целта е зголемување на нивото на соработка меѓу армиите на двете земји и размена на борбени искуства. За време на повеќедневната вежба, војниците заедно ги вежбаа дејствата на единиците во тактички операции, вклучително и употребата на современи борбени возила, комуникациски системи и опрема за собирање и обработка на разузнавачки информации. Ова е десетта заедничка вежба наречена „Соседи” што ја спроведуваат вооружените сили на Србија и Унгарија.
Компаниите во Србија кои произведуваат цемент, железо, челик, алуминиум, вештачко ѓубриво, но и електрична енергија, класифицирани како „големи загадувачи“ ќе плаќаат данок на загадување од 1 јануари наредната година. Предвидена е наплата на надомест од 4 евра по тон јаглерод, а со плаќањето на националниот данок, локалните компании треба да бидат ослободени од плаќање на скапиот европски данок кој изнесува 90 евра по тон, кој исто така стапува на сила на 1 јануари 2026 година. Министерството за финансии наведува дека целта на воведувањето на овој данок е да се охрабрат компаниите да инвестираат повеќе во обновливи извори на енергија, зелена…
Милорад Додик изјави дека Европската Унија повеќе нема капацитет да се занимава со Балканот, тврдејќи дека се што досега направила било погрешно. Тој предложи Русија и САД да формираат заедничка комисија за регионот, предводена од Унгарија, која ќе се фокусира на решавање на проблемите во регионот. Според него, западните земји не ја разбираат специфичната ситуација во регионот и затоа нивните интервенциите се неуспешни. Додик истакна дека неодамна разговарал за ова со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.
Со Бети Стаменкоска Трајкоска поразговаравме за нејзините планови за Кисела Вода како иден градоначалник. Таа ни објасни дека нејзиното досегашно искуство како пратеник многу ќе и помогне во водењето на Општината. Целото интервју погледнете го на следниот линк. https://youtu.be/r9ThY96DXXU?si=v3pQQJusJPHuaoZn
Скопје се фали дека е позната туристичка дестинација, но Скопје има места и објекти што не е баш добро да ги видат туристите. Едно од таквите места е полуизгорената и одамна напуштената галија на Вардар, во најстрогиот дел на градот. До кога тоа ругло ќе стои и ќе го нагрдува Градот во близината на ГТЦ? Прашањето е особено тешко затоа што два градоначалника се фалеа дека ќе ја отстранат, но не го направија тоа. Прво Петре Шилегов уште во 2021 година почна да ја урива и лично присуствуваше на тој чин, а потоа со силни зборови слично најавуваше и Данела…
Изборна хроника на Прва Скопска ТВ, секој ден од 17.00; 19.00 и 23.20 часот. Најновите активности на кандидатите за градоначалници за скопските општини и за Град Скопје. https://youtu.be/A26bnXOXA6M?si=mFDI8Ghqz7Dsmb5v
Што е ново во Скопје? Инфоскоп – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16.00,18:00, 23:10 и 07:10 часот. https://youtu.be/2jG7_iCHc18?si=GeMjyH2TDmBC-n5n
Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/ajT78055JsU?si=cZp7Bax83iDd4Ap9