Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Голем пожар во Националниот парк „Пелистер“, директорот на ДЗС, Ангелов изјави дека постојат индиции оти бил намерно подметнат
    Република

    Голем пожар во Националниот парк „Пелистер“, директорот на ДЗС, Ангелов изјави дека постојат индиции оти бил намерно подметнат

    29/08/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Голем пожар, потпомогнат од силниот ветер, попладнево се прошири од преспанската страна и навлезе на територијата на Националниот парк „Пелистер“. Пожарот започнал во поширокото подрачје на Долна Бела Црква и Макази, а огнот зафатил нискостеблеста и борова шума и брзо напредувал кон границите на националниот парк.

    Директорот на НП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, информира дека пожарот веќе навлегол во паркот, помеѓу подножјето на врвот Вртушка и врвот Мала Чука. На терен се пожарникари од Ресен и Битола, екипи на Националниот парк, „Македонски шуми“ и Дирекцијата за заштита и спасување, а дополнително е испратена и механизација за правење противпожарни пресеки. Поради непристапниот терен и брзото ширење на огнот, во гаснењето се вклучени и „Ер тракторите“ на ДЗС, како и два огнени тима со пинцгауери.

    Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека постојат индиции оти пожарот бил намерно подметнат, бидејќи огнот првично се појавил на најмалку две одделни локации во овоштарници со јаболка, а потоа се формирала подолга огнена линија. Надлежните ја оценуваат ситуацијата како сериозна, особено поради силниот ветер, непристапниот терен и опасноста огнот дополнително да се прошири низ шумскиот појас на Пелистер.

    Поврзани вести:

    ЦУК: Се уште се активни 8 пожари

    ЦУК: Се уште се активни 8 пожари

    Силно невреме го погоди Истокот, Кочани остана без струја

    Силно невреме го погоди Истокот, Кочани остана без струја

    Пожарот на Пелистер ставен под контрола, дежурните екипи остануваат на терен

    Пожарот на Пелистер ставен под контрола, дежурните екипи остануваат на терен

    Тоневски: Да ги чуваме традицијата, рударскиот дух и вредностите на Пробиштип

    Тоневски: Да ги чуваме традицијата, рударскиот дух и вредностите на Пробиштип

    Коњановски со честитка за Голема Богородица: „Да останеме обединети во вербата и љубовта“

    Коњановски со честитка за Голема Богородица: „Да останеме обединети во вербата и љубовта“

    Нема поголеми задржувања на Богородица и Табановце

    Нема поголеми задржувања на Богородица и Табановце

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ЦУК: Се уште се активни 8 пожари

    30/08/2026

    Силно невреме го погоди Истокот, Кочани остана без струја

    30/08/2026

    Пожарот на Пелистер ставен под контрола, дежурните екипи остануваат на терен

    30/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.