Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој на места, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а максималните од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и засилен ветер од северен правец. Во главниот град минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени. До крајот на новата работна седмица ќе преовладува сончево и топло време, а од вторник…
Автор: Никола Тасев
Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на нападите врз Киев, кој почнува на полноќ, во пресрет на посетата на американските претставници на украинската престолнина. Одлуката беше објавена откако специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер пристигнаа во Москва и се сретнаа со Путин во Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека прекинот се однесува само на Киев, а не и на останатиот дел од Украина, и дека е поврзан со претстојните разговори на американската делегација во украинската престолнина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, соопшти дека Киев е подготвен до понеделник да се воздржи…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да биде кандидат за премиер доколку за тоа ја добие поддршката од Српската напредна партија. Вучиќ рече дека има уште неколку дена за распишување предвремени парламентарни избори, а крајниот рок е 10 септември, додека како можни датуми за гласање се споменуваат 18 и 25 октомври. Раководството на СНС наскоро треба да одлучува за изборната листа и за можноста Вучиќ да биде кандидат на партијата за претседател на Владата. Вучиќ најави дека доколку добие поддршка и биде во позиција да формира влада, неговиот кабинет би имал најмногу 12 министри. Со ова српскиот претседател…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на 10. Southeast Europe Energy Forum – SEEF2026 во Солун, каде ги претстави енергетските приоритети на Македонија. Во фокусот на нејзиното обраќање беа енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалната инфраструктурна поврзаност и создавањето конкурентен енергетски пазар. Божиновска посочи дека Македонија инвестира во повеќе инфраструктурни проекти кои треба да обезбедат нови и алтернативни правци за снабдување со енергија. Меѓу клучните проекти се гасниот интерконектор со Грција, приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор и развојот на интерконекторот со Србија. Според министерката, овие инвестиции треба да обезбедат поголема сигурност и флексибилност на домашниот енергетски…
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а температурата ќе достигне до 37 степени. До средината на следната работна седмица се очекува претежно сончево и топло време со слаба до умерена облачност. Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој долж Повардарието на места ќе надминува 40 километри на час.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер патуваат во странство во обид да постигнат мировен договор меѓу Русија и Украина. Тoj рече дека Вашингтон има конкретна идеја за мир, но не откри детали за предлогот, оценувајќи дека постои добра шанса мисијата да даде резултат. Според претходно објавените информации, Виткоф и Кушнер најпрво треба да отпатуваат во Москва, а потоа и во Киев, иако нивниот распоред во изминатите денови се менувал. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека двајцата американски претставници во недела се очекува да пристигнат во Украина по посетата на Москва. Тој најави…
Поради два дефекти на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат повеќе делови од општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ број 18, од 9 часот без вода ќе бидат дел од булеварот „Гоце Делчев“, дел од Македонската телевизија и населбата Крњево. Поради уличен дефект на улицата „Коле Неделковски“ број 5, од 8:30 часот без вода ќе биде потегот од Градски парк до Владата и од булеварот „Илинден“ до Градскиот стадион. Во двата случаи водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. Од ЕВН Македонија, пак, информираат дека денеска…
Од 1 септември Скопје конечно доби прва функционална линија од проектот „Градски воз“, на релацијата Зелениково – Железничка станица Скопје. Возот минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а патувањето до центарот на Скопје трае приближно 24 до 28 минути. На линијата има по осум поаѓања дневно во двата правца, а билетот во еден правец чини 40 денари, додека повратниот е 70 денари. Вчера градскиот воз симболично го „сефтосаа“ премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ова е само првата од трите линии со кои треба да се создаде основата на скопскиот…
Саудиска Арабија го осуди, како што тврди, иранскиот напад врз саудискиот супертанкер „Сидр“ во Ормутскиот Теснец, во кој загинаа двајца филипински морнари. Саудиската национална бродска компанија „Бахри“ потврди дека нејзиниот брод бил вклучен во „безбедносен инцидент“ додека пловел низ теснецот. Според компании специјализирани за поморска безбедност, „Сидр“ бил погоден со проектили северно од оманскиот полуостров Мусандам. Речиси во исто време, според истите извори, бил погоден и јужнокорејскиот супертанкер „Сенегал Просперити“, источно од Мусандам. Саудиското Министерство за надворешни работи директно го обвини Иран за нападот и побара запирање на ескалацијата и почитување на безбедноста на меѓународната пловидба. Иран засега не одговорил…
До пред 7-8 години Македонија се мачеше со решавање на проблемот со невработеноста, па така од релевантните државни органи постојано се објавуваа проценти на стапката на невработеност која во годините наназад неретко преминуваше и над 25 отсто. Денеска ситуацијата е различна, Македонија се мачи како да пополни слободни работни места. Рекордни 10.697 слободни работни места биле регистрирани во Македонија во вториот квартал од годинава, од април до јуни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголема побарувачка имало за работници во услужните дејности и продажбата, каде што биле слободни 2.980 работни места. Највисока стапка на слободни позиции од 6,23 проценти…