Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата
    Култура

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    06/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На 6 септември 1962 година во Струга започна првото издание на Струшките вечери на поезијата, манифестација која подоцна прерасна во еден од најзначајните меѓународни поетски фестивали. Идејата се родила една година претходно, по литературното читање одржано на 15 јули 1961 година по повод годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци.
    Во 1962 година бил формиран првиот седумчлен фестивалски одбор, а за негов претседател бил избран истакнатиот македонски поет Ацо Шопов.

    Првото издание се состоело од четири поетски вечери со учество на писатели од Македонија, а веќе во 1964 година манифестацијата прераснала во општојугословенски фестивал. Само една година подоцна, во 1965 година, СВП добиле меѓународен карактер со учество на поети од повеќе европски земји.

    Во 1966 година била востановена најпрестижната фестивалска награда „Златен венец“, чиј прв добитник бил советскиот поет Роберт Рождественски. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупниот поетски опус, а меѓу лауреатите се Пабло Неруда, Вистан Хју Оден, Блаже Конески, Ален Гинсберг, Јосиф Бродски, Шејмас Хини и Маргарет Атвуд.
    Во 2026 година престижното признание ѝ припадна на холандската поетеса Анеке Брасинга.

    Фестивалот ја доделува и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор објавена меѓу две фестивалски изданија. „Мостови на Струга“, пак, под покровителство на УНЕСКО се доделува за најдобра дебитантска поетска книга од автор од светот. Еден од најпрепознатливите симболи на фестивалот е традиционалното поетско читање „Мостови“, кое се одржува на истекот на Црн Дрим од Охридското Езеро.

    Од скромните четири поетски вечери во 1962 година до денес, Струшките вечери на поезијата ја претворија Струга во светска престолнина на поезијата и место на средба на различни јазици, култури и литературни традиции.

    Поврзани вести:

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.