Автор: Никола Тасев

Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Киев разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски претставници за можните начини за завршување на војната во Украина. Кушнер изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е решен да придонесе за завршување на војната, по што фокусот би можел да биде насочен кон инвестиции и деловни можности во Украина. Според него, евентуалниот мир би требало да отвори можности за економски развој и поголем просперитет за Украина и Европа. Виткоф порача дека и Москва и Киев ќе мора да направат компромиси и да ги надминат разликите за да биде постигнато дипломатско решение. Зеленски…

Прочитај Повеќе

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, беше избањат од полицискиот хеликоптер додека информираше дека во текот на вчерашниот ден имало околу 30 пожари, од кои шест се уште се активни. Тој на местото Рамно, близу границата со Косово, каде што пожарот е се уште активен, ја објаснуваше ситуацијата со пожарите во Македонија, кога наиде полицискиот хеликоптер да исфрла вода врз огнот. Ангелов доби туш, бидејќи стоеше многу близу до теренот каде што се дејствуваше. Тој на шега кажа: Ете и тоа се случува, хеликоптерот го изгасна пожарот, а јас сум колатерална штета. Повеќе на видеото: https://youtu.be/LJ9RsIufT90?si=FVEfJIf0zwPTSoSJ&t=1

Прочитај Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, осомничен за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Според Обвинителството, осомничениот Д.Ц., кој извршувал задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, во периодот од 24 јули до 4 септември побарал 1.500 евра од граѓанин. Сомнежите се дека парите ги барал за да го искористи своето наводно влијание и да посредува кај службени лица во Град Скопје за вработување по оглас за прием на пожарникари. Случајот бил пријавен од граѓанинот од кого биле побарани парите,…

Прочитај Повеќе

Меѓународниот аеродром „Сукарно-Хата“ во Џакарта ја продолжи забраната за летови до недела во 9:30 часот по локално време поради вулканска пепел од ерупцијата на Анак Кракатау. Прекинот на авиосообраќајот првично требало да трае до 5:30 часот, а според индонезиското Министерство за транспорт, одложени се најмалку 33 летови, меѓу кои и неколку меѓународни. Вулканот Анак Кракатау е активен веќе неколку дена, а вулканска пепел била забележана на подрачјето на аеродромот рано во неделата. Надлежните служби ја следат ерупцијата и нејзиното влијание врз безбедноста на воздушниот сообраќај. Индонезиската агенција за справување со катастрофи соопшти дека засега не постои непосредна опасност од цунами…

Прочитај Повеќе

Најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени во израелски напади врз подрачјето на Набатије во јужен Либан, објави либанската државна агенција ННА. Во нападите била погодена и уништена болницата „Гандур“ во Набатије ал-Фаука, објект кој со години не бил во функција. Силен воздушен напад погодил и историска зграда во градот Набатије, која некогаш била користена како ресторан и е целосно уништена. Значителна материјална штета е предизвикана и врз околните државни институции, продавници и кафулиња, а оштетени се канцеларии и уништена документација. Израелската војска претходно соопшти дека Хезболах со два дрона нападнал израелски војници во јужен Либан, при што еден…

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на критиките на СДСМ за случајот со приведениот вработен осомничен за обид за примање мито, оценувајќи дека институциите постапиле веднаш. Од партијата наведуваат дека осомничениот се обидел да земе мито, по што МВР спровело акција со обележани пари и против него била поведена постапка. Според ВМРО-ДПМНЕ, токму овој случај покажува дека законите важат за сите и дека незаконското постапување се санкционира. Владејачката партија го обвинува СДСМ дека со своите реакции се обидува случајот да го претстави како доказ против институциите, наместо како пример за нивно функционирање. Од ВМРО-ДПМНЕ упатија и остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче,…

Прочитај Повеќе

До 7:30 часот утрово во Македонија се регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, пет се под контрола, а 19 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен останува пожарот кај селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, кој се протега и на територијата на Косово и зафаќа шума. Во Македонски Брод активен е пожарот кај Белица, во месноста Кајорец кон Брезница, каде гори нискостеблеста и мешана шума. Пожари има и кај Брест во Чучер-Сандево, како и на две локации во Кичево – кај Кнежино и Добреноец и кај Тајмиште. Шестиот активен пожар…

Прочитај Повеќе

На 6 септември 1962 година во Струга започна првото издание на Струшките вечери на поезијата, манифестација која подоцна прерасна во еден од најзначајните меѓународни поетски фестивали. Идејата се родила една година претходно, по литературното читање одржано на 15 јули 1961 година по повод годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Во 1962 година бил формиран првиот седумчлен фестивалски одбор, а за негов претседател бил избран истакнатиот македонски поет Ацо Шопов. Првото издание се состоело од четири поетски вечери со учество на писатели од Македонија, а веќе во 1964 година манифестацијата прераснала во општојугословенски фестивал. Само една година подоцна, во…

Прочитај Повеќе

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека гаѓала три пловила поврзани со САД, како и три танкери кои, според Техеран, неовластено минувале низ Ормутскиот Теснец. Нападите следуваа откако американската војска погоди три ирански танкери, при што Пентагон соопшти дека два биле трајно онеспособени, а третиот целосно уништен. Вашингтон тврди дека танкерите биле дел од тајна мрежа преку која се обезбедувале милијарди долари за Револуционерната гарда и нејзините сојузници. Иран потврди дека неговите танкери биле погодени и оштетени, а според иранските државни медиуми, екипажите биле евакуирани и нема информации за загинати. Техеран ги предупреди останатите бродови да не се обидуваат да пловат по…

Прочитај Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа разговарал повеќе од три часа со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за можностите за постигнување договор за завршување на војната во Украина. Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, средбата ја оцени како „исклучително корисна“, но не соопшти дека е постигнат конкретен напредок во преговорите. Според него, Виткоф и Кушнер претставиле повеќе идеи за можните начини за постигнување договор, без да бидат откриени детали за американските предлози. Путин на соговорниците им порачал дека Русија остварува „реален напредок“ на бојното поле и останува уверена во остварувањето на своите цели. Рускиот претседател повторно инсистирал дека евентуалниот мировен…

Прочитај Повеќе