Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој на места, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а максималните од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и засилен ветер од северен правец. Во главниот град минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени.
До крајот на новата работна седмица ќе преовладува сончево и топло време, а од вторник ветерот ќе го промени правецот и ќе дува од југоисток.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
