Три лица загинаа во нов американски воен напад врз брз брод во Карипското Море, соопшти Јужната команда на американската војска. Според американската страна, пловилото се движело по познати рути за шверц на дрога, а нападот бил извршен врз основа на, како што наведуваат, потврдени разузнавачки информации.
Американската војска не објави дополнителни детали за идентитетот на загинатите, ниту докази за товарот што го превезувал бродот.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп тврди дека пловилата кои се цел на ваквите операции во Карипското Море се поврзани со трговија со наркотици.
Од почетокот на американските напади врз вакви пловила во септември 2025 година, на Карибите и во источниот дел на Тихиот Океан загинале повеќе од 220 лица.
Организации за човекови права и правни експерти ја оспоруваат законитоста на операциите, а „Хјуман рајтс воч“, „Амнести интернешнл“ и независни експерти на Обединетите нации ги оценија како незаконски вонсудски убиства.
Американската унија за граѓански слободи, пак, ги оспорува тврдењата на администрацијата за лицата кои се цел на нападите и оценува дека тие не се поткрепени со доволно докази.
On September 9, under the direction of #SOUTHCOM, Joint Task Force Western Hemisphere executed a lethal kinetic strike on a go-fast vessel operating along established narco-trafficking routes in the Caribbean. Confirmed intelligence revealed the vessel's active involvement in… pic.twitter.com/B9Ec4bCepT
— U.S. Southern Command (@Southcom) September 10, 2026
