Пожарите кои летово пеплосаа големи површини низ Македонија не стивнуваат и во септември, а во последното деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор.
Според Центарот за управување со кризи, до 7:30 часот утрово, три пожари се активни, четири се ставени под контрола, а 24 се изгаснати.
Активни се пожарите кај селото Белица во Општина Македонски Брод и кај селото Брест во Општина Чучер Сандево. Со огнената стихија сè уште се води битка и кај селото Алдинци, на подрачјето на општините Крушево и Кривогаштани.
Под контрола се пожарите кај Тајмиште во Кичево, градската депонија во Делчево и кај Копаница во Општина Сарај. Контролиран е и пожарот на потегот меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци во Општина Струга.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
