Провизии од 4,6 милиони евра биле платени за неповлечени средства додека изградбата на железничкиот Коридор 8 доцнела, соопшти ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на наоди на Државниот завод за ревизија.
Од партијата наведуваат дека ДЗР утврдил неефикасно управување со проектот, незавршени прва и втора фаза и пробивање на предвидените рокови.
ВМРО-ДПМНЕ посочува и на наодот за ризик од губење европски грант од 61 милион евра наменет за третата фаза од железничкиот Коридор 8.
Партијата за ваквата состојба ги обвинува СДСМ и ДУИ, оценувајќи дека во периодот на нивното владеење неодговорно се управувало со стратешките инфраструктурни проекти и јавните пари.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да ги испита одлуките, договорите и постапките поврзани со проектот и да утврди дали постои основа за кривична одговорност. Партијата бара да се утврди кој е одговорен за милионските провизии, доцнењето на железницата и евентуалната штета нанесена врз државниот буџет.
