Автор: K.

Три лица заработија кривични пријави по инцидентот што се случи минатата недела во Скопје, кога осомничени се обиделе да избегаат од полициска контрола, при што на еден полициски службеник му бил одземен службениот пиштол. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил на 7 октомври околу 20:25 часот на улицата „Црногорска“, каде полициски службеници поставиле заседа по претходни оперативни сознанија дека ќе биде извршена купопродажба на марихуана. Откако било запрено патничко возило „БМВ“, полициските службеници се упатиле кон него за легитимирање и преглед. Во тој момент, според МВР, возачот го стартувал возилото, удрил во бандера, а низ прозорецот…

Прочитај Повеќе

Дваесетгодишниот Е.А. од Голема Речица заработи кривична пријава по заедничка истрага спроведена од Министерството за внатрешни работи и американското Федерално истражно биро (ФБИ). Тој се сомничи дека администрирал онлајн-платформа преку која се продавале украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки наменети за компјутерски криминал. Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство во Тетово е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и производство и дистрибуција на материјали со сексуална злоупотреба на деца. Истрагата била покрената по информации добиени од ФБИ, а според обезбедените докази, осомничениот во периодот од 2023 до 2025…

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, порача дека нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се обезбеди законско и прифатливо решение за сите отворени прашања поврзани со планот. На брифинг со новинарите, Герасимовски објасни дека донесувањето нов план за ова подрачје е законска обврска на Општината, особено по укинувањето на претходниот план во 2025 година. „По укинувањето на планот во 2025 година, наша должност е да почнеме процедура за донесување нов. Тој процес го започнавме“, изјави Герасимовски. Тој нагласи дека за подрачјето на Водно мора да се постапува внимателно и…

Прочитај Повеќе

Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица е приведен под сомнение дека со помош на компјутерска измама одреден период ја користел паркинг-услугата во Тетово без да изврши плаќање. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Е.Ш. (22) бил лишен од слобода вчера во 20:15 часот од полициски службеници на СВР Тетово. „На 13.10.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Ш.(22) од село Мала Речица, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело ‘компјутерска измама’ по член 251-б од Кривичниот законик“, соопшти МВР. Според пријавеното, тој се сомничи дека без да плаќа, преку компјутерска измама, во…

Прочитај Повеќе

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не презело активности за утврдување каде се наоѓа Ива Михаилова на територијата на Бугарија, откако Македонија побара нејзино апсење и екстрадиција. Од бугарското МВР информираат дека на 13 октомври во 19:38 часот добиле барање од Интерпол – Скопје за меѓународна потрага со апсење и екстрадиција на Михаилова, која има двојно државјанство – бугарско и македонско. Во барањето било наведено дека таа се гони за кривично дело поврзано со прекршување на сообраќајните правила, предвидено во член 300 од Кривичниот законик на Македонија. Бугарските власти посочуваат дека Основниот суд во Кочани на истиот ден издал…

Прочитај Повеќе

Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема поместување ниту милиметар, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја. Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот и ѝ понуди да предложат претставници да бидат дел од тимот којшто ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед. Во одговорот тој оцени дека актуелната состојба е последица на политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ…

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните органи да ги истражат нивните тврдења дека извесен доктор Иван Барбов, за кој велат дека е во блиски односи со Венко Филипче и Зоран Заев на ден 19.03.2026 година за Ива Михаилова која побегна во Бугарија, изготвил медицински извештај во кој, тврдат, јасно се наведува дека нејзиното понатамошно лекување мора да продолжи во соседна Бугарија. Портпаролот Валентин Манасиевски обвини дека опозициската СДСМ и Филипче одработуваат за источниот сосед. СДСМ пак истакна дека сè што власта прави е фарса и тврди дека зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договориле со Бугарија и ја пуштиле…

Прочитај Повеќе

Уште едно лице почина од западнонилска треска, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 11, според информациите објавени на сајтот што ја следи состојбата со вирусот во земјава, healthalert. Од почетокот на 2026 година во земјава се регистрирани вкупно 71 случај на западнонилска треска. Од нив 58 се оздравени, а двајца се уште се хоспитализирани. Нема регистрирано нови случаи во последната недела.

Прочитај Повеќе

Вакцините против сезонски грип се пристигнати, но откако ќе се разрешат техничките проблеми со апликацијата за пријавување за вакцинација, ќе започне имунизацијата, вети министерот за здравство Сашо Клековски. Тој објасни дека процесот доцни поради тоа што 18 месеци „Мој термин“ нема договор за одржување, но се разрешува и пријавувањето ќе започне час поскоро. Клековски нагласи дека вакцините деновиве ќе се дистрибуираат и во Центрите за јавно здравје.

Прочитај Повеќе

Царински службеници на граничен премин Блаце при контрола на автомобил открија дури 595 сребрени прстени, кои сторителот со намера да избегне плаќање давачки ги имал скриено под седиштата, соопшти Царината. Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Прекршокот е снимен со телесни камери.

Прочитај Повеќе