По самитот со лидерите на Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од Брисел упати порака со поддршка до земјите од Западен Балкан да го забрзаат спроведувањето на реформите, да ја искористат можноста за членство и го посочи дека напредокот на Црна Гора и Албанија кон Унијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека приемот на нови членки е во интерес и на самата Унија, особено во услови на брзи промени во меѓународните односи.
Таа најави дека Брисел на почетокот на следната година ќе започне дијалог со секоја од земјите од Западен Балкан за постепена интеграција, а дополнително, Европската Унија ќе обезбеди финансиска помош од вкупно 338 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора, која треба да биде исплатена во следните недели.
