Автор: K.

Три лица од Скопје се уапсени во рамки на оперативната акција „Чистач“, под сомнение за уцена и загрозување на сигурноста на жител на Делчево, соопшти МВР. Осомничените, според пријавата, му се заканувале на делчевецот и барале од него да им исплати 10.000 евра, заканувајќи се дека, во спротивно, ќе објават компромитирачки материјали. При претресите бил пронајден и нелегален пиштол „М57“, со калибар од 7,62 милиметри за кој по проверките е утврдено дека потекнува од кривичното дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.

Прочитај Повеќе

Општина Илинден продолжува да инвестира во локалната патна инфраструктура низ целата општина и во сите населени места. Градоначалникот Александар Георгиевски денеска изврши увид во почетокот на градежните работи на две улици во населените места Мршевци и Илинден кои се со вкупна должина од околу 350 метри и изрази задоволство од квалитетот и динамиката на работата, со крајна цел унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Прочитај Повеќе

Во петок, на 19-годишнината од трагичната смрт на популарниот македонски пејач Тоше Проески, под мотото „Тоше те сакаме сите“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром, на улицата што го носи неговото име од 16 часот ќе се одржи концерт во негова чест. Музичката програма ќе ја изведат хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“, заедно со познати музички имиња и млади таленти, кои преку песните ќе му оддадат почит на Тоше. Меѓу најавените изведувачи се групите Next Time и The Crew, како и Ламбе Алабаковски и многу други.

Прочитај Повеќе

На повеќе од 50 локации во сите скопски општини, денеска, продолжи масовната акција за чистење на Скопје во која се вклучија општините, градоначалниците, учениците и граѓаните и се чистеа паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека ваквите активности ќе се организираат двапати месечно и ги повика граѓаните да се приклучат во ваквите акции, секој во своето маало и така да дадат свој придонес за почиста животна средина.

Прочитај Повеќе

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги интервјуира кандидатите кои ги исполнуваат условите за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија, кој го избира Собранието. На јавниот оглас се пријавиле четворица кандидати, но по проверката на доставената документација утврдено е дека тројца ги исполнуваат потребните услови. Пред членовите на Комисијата ќе се претстават Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица, и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар. Изборот се спроведува по претходно објавен јавен оглас, откако минатиот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието беше поништен. По…

Прочитај Повеќе

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш повика европските земји да го прилагодат производството на оружје и муниција на воени услови, оценувајќи дека тоа е неопходен одговор на засиленото вооружување на Русија. По средбата во Варшава со европскиот комесар за одбрана и вселена, Андриус Кубилиус, Косињак-Камиш истакна дека Европа мора значително да ги забрза производството на вооружување, да ги зајакне своите воени капацитети и да обезбеди постабилни синџири на снабдување. „Лично се залагам за премин кон воен модел на производство на оружје и муниција ширум Европа“, изјави полскиот министер, додавајќи дека Русија веќе функционира според таков модел и дека европските земји…

Прочитај Повеќе

Киев повторно беше цел на руски балистички ракетен напад, при што загинаа најмалку две лица, а повеќе од 20 се повредени. Украинските власти соопштија дека меѓу погодените објекти има станбена зграда и термоцентрала, додека претседателот Володимир Зеленски повторно изрази незадоволство што, како што тврди, Украина не добила навремено предупредување од сојузниците. Според информациите од украинските власти, експлозиите се слушнале веднаш по активирањето на воздушната тревога во главниот град. Деветкатна станбена зграда се запалила по директен удар, а градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека има загинати и десетици повредени. Зеленски изјави дека, како и при претходниот напад, ракетите биле регистрирани дури кога…

Прочитај Повеќе

Денешниот ден носи променливо облачно и значително посвежо време низ целата земја, проследено со засилен до силен северен ветер, кој на одделни места ќе достигнува и брзина поголема од 60 километри на час. Во текот на денот локално ќе има повремени врнежи од дожд, а поради продорот на постуден воздух, на повисоките планински предели врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 11 и 18 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и постудено време со умерен, а во одделни делови од котлината и повремено засилен северен…

Прочитај Повеќе

Десетици граѓани и поддржувачи синоќа се собраа во Скопје за да го пречекаат поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на судската постапка за случајот „Државна лотарија“. Груби пристигна во придружба на пријатели и соработници, а неговото појавување беше проследено со огномет, запалени факели и чадни бомби. Атмосферата потсетуваше на прослава каква што вообичаено се организира за спортски успеси или други свечени настани. Собирот беше организиран веднаш по неговото ослободување од мерката куќен притвор, која му престана по сила на закон, по истекот на максимално дозволениот рок за оваа фаза од постапката. Во меѓувреме, Кривичниот…

Прочитај Повеќе

Собранието денеска ќе ја одржи 126. седница, на чиј дневен ред се предложени осум точки, по што ќе следуваат и опозициските пратенички прашања, на кои премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата ќе одговараат во времетраење од два часа. Согласно собраниската практика, по усвојувањето на дневниот ред, на секоја втора пленарна седница се одржува седница посветена на пратенички прашања од опозицијата, на која министрите и премиерот одговараат за актуелни теми и политики. На дневен ред на 126. седница се најдоа повеќе законски предлози и одлуки, меѓу кои Предлог-законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети…

Прочитај Повеќе