Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Седум фемициди за една година, граѓанските организации бараат одговорност: „Заштита денес, а не правда по смртта“
    Република

    Седум фемициди за една година, граѓанските организации бараат одговорност: „Заштита денес, а не правда по смртта“

    26/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Седум жени се убиени годинава во Македонија во случаи на фемицид, а граѓанските организации, синоќа со протест во Скопје побараа итна реакција на институциите, законски измени и поголема заштита на жртвите на семејно насилство. Под пораката „Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат“, учесниците на протестот предупредија дека пријавите за насилство премногу често остануваат без соодветна реакција, а последиците можат да бидат трагични.

    Според анализата на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во околу 90 проценти од разгледаните случаи Министерството за внатрешни работи претходно било запознаено со насилството, но биле утврдени пропусти во постапувањето. Граѓанските организации бараат итно усвојување на законските измени кои се заглавени во Собранието, меѓу кои и подобра заштита на децата жртви на семејно
    насилство, ограничување на контактите на насилниците со децата и воведување систем за следење на лицата со забрана за доближување.

    Дополнително, тие бараат во буџетот за 2027 година да се обезбедат најмалку 200 милиони денари за воспоставување поефикасен систем за заштита на жртвите.

    Од Хелсиншкиот комитет предупредуваат дека најголем дел од фемицидите и обидите за фемицид ги извршуваат сегашни или поранешни сопрузи и партнери, најчесто во домот на жртвата. Особено ризичен е периодот кога жената ќе одлучи да го пријави насилството или да го напушти насилникот, покажуваат анализите на организацијата.

    Од граѓанскиот сектор потсетуваат дека и по надзорната расправа одржана во Собранието во април сè уште нема усвоени заклучоци, додека со почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ повторно испратија порака дека на жените им е потребна секојдневна институционална заштита, а не само декларативна поддршка.

    Поврзани вести:

    Македонија под влијание на циклон, до недела се очекуваат обилни врнежи

    Македонија под влијание на циклон, до недела се очекуваат обилни врнежи

    Две исчезнати малолетнички од Штип пронајдени во Струмица

    Две исчезнати малолетнички од Штип пронајдени во Струмица

    Клековски наскоро ќе добие пристап до „Досие кардиохирургија“, најавува информирање на јавноста

    Клековски наскоро ќе добие пристап до „Досие кардиохирургија“, најавува информирање на јавноста

    Јаневска најави: Уште 21 основно училиште ќе премине на едносменска настава

    Јаневска најави: Уште 21 основно училиште ќе премине на едносменска настава

    Откажан протестот на граѓаните во Крива Паланка, Владата донесе акциски план за справување со кравите

    Откажан протестот на граѓаните во Крива Паланка, Владата донесе акциски план за справување со кравите

    Кос ја повика Владата да ги направи уставните измени за да продолжи евроинтеграцискиот процес

    Кос ја повика Владата да ги направи уставните измени за да продолжи евроинтеграцискиот процес

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија под влијание на циклон, до недела се очекуваат обилни врнежи

    26/11/2026

    Две исчезнати малолетнички од Штип пронајдени во Струмица

    25/11/2026

    Клековски наскоро ќе добие пристап до „Досие кардиохирургија“, најавува информирање на јавноста

    25/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.