Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Над 26.000 граѓани ќе добијат пари назад од финансиските друштва за брзи кредити
    Економија

    Над 26.000 граѓани ќе добијат пари назад од финансиските друштва за брзи кредити

    26/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Повеќе од 26.000 граѓани од целата држава треба да добијат поврат на незаконски наплатени средства од финансиските друштва за брзи кредити, во вкупен износ од над 140 милиони денари, односно околу 2,3 милиони евра.

    Ова денеска го соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, на заедничка прес-конференција со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и портпаролката на Владата, Марија Митева.

    По целосната обработка на документацијата, Инспекторатот донел решенија со кои финансиските друштва се задолжуваат да им ги вратат незаконски наплатените средства на потрошувачите. Утврдени се рокови од 30, 60 и 90 дена, во зависност од бројот на опфатени граѓани во секое финансиско друштво.

    Станува збор за незаконски наплатени надоместоци за опомени, известувања и паушални трошоци поради доцнење со плаќањето на доспеаните кредитни обврски.

    Во изминатите три месеци, Државниот пазарен инспекторат спровел континуирани вонредни инспекциски надзори кај сите 27 финансиски друштва кои поседуваат лиценца од Министерството за финансии за одобрување кредити на физички лица.

    Контролите го опфатиле работењето на финансиските друштва во периодот од 2023 до 2026 година, со посебен акцент на почитувањето на Законот за заштита на потрошувачите, договорите за потрошувачки кредити, наплатата на провизии и дополнителни трошоци.

    – Финансиските друштва имаат наредба во рок од 30, 60 и 90 дена да постапат и да им ги вратат средствата на граѓаните. По истекот на роковите ќе следуваат контролни надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат – рече Стојкоски.

    Кај 18 финансиски друштва биле констатирани нечесни трговски практики, односно договори за потрошувачки кредити кои содржеле нечесни трговски одредби. За утврдените неправилности биле изречени соодветни мерки и издадени платни налози во вкупен износ од над три и пол милиони денари.

    Кај 12 финансиски друштва, пак, инспекторите утврдиле дека спротивно на член 36 од Законот за заштита на потрошувачите, на клиентите им биле наплатувани надоместоци за известувања и опомени поради доцнење или неплаќање на кредитните обврски.

    Дополнителни неправилности биле откриени и кај две поголеми финансиски друштва со повеќе експозитури низ државата. Кај нив било утврдено дека сметководствената евиденција не се водела согласно законските прописи, поради што за случаите било известено Министерството за финансии за понатамошно постапување.

    Стојкоски засега не ги откри имињата на финансиските друштва кај кои се констатирани неправилностите, образложувајќи дека сè уште се спроведуваат последователни инспекциски надзори и дека објавувањето дополнителни детали би можело да ѝ наштети на постапката.

    Во однос на казните, директорот на Инспекторатот појасни дека тие се движат од 2.000 до 10.000 евра за една мерка по финансиско друштво, во зависност од видот на прекршената законска одредба. Кај одредени друштва биле утврдени повеќе прекршувања, поради што биле изречени и повеќе мерки.

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека профитот на ниту една компанија не смее да се гради врз финансиската немоќ на граѓаните, нагласувајќи дека законите мора да важат подеднакво за сите учесници на пазарот.

    – Како резултат на утврдените неправилности, изречени се 18 инспекциски мерки, а казните ќе стигнат и до 100.000 евра. Особено е важно да ги заштитиме граѓаните кои поради својата финансиска состојба се принудени да користат вакви кредити. Нема да толерираме практики кои се на штета на граѓаните – нагласи Дурмиши.

    Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека ќе продолжат со засилени контроли за да утврдат дали финансиските друштва ги почитуваат издадените решенија, дали навремено ги враќаат незаконски наплатените средства и дали ги отстрануваат констатираните неправилности.

    Истовремено, граѓаните се повикуваат внимателно да ги анализираат договорите пред да земат потрошувачки кредит, да побараат појаснување за сите дополнителни трошоци и надоместоци, како и да ги пријавуваат евентуалните неправилности до надлежните институции.

    Поврзани вести:

    Фирмите со сметки во Алта банка неограничено ќе можат да располагаат со новите приливи

    Фирмите со сметки во Алта банка неограничено ќе можат да располагаат со новите приливи

    Божиновска: Македонија е поинаква отколку пред две години, создаваме решенија што траат

    Божиновска: Македонија е поинаква отколку пред две години, создаваме решенија што траат

    Димитриеска-Кочоска учествува на меѓународна конференција за глобалните финансиски пазари

    Димитриеска-Кочоска учествува на меѓународна конференција за глобалните финансиски пазари

    Од полноќ намалени цените на дизелот и на горивата

    Од полноќ намалени цените на дизелот и на горивата

    Велковски: Нема укинување на вториот пензиски столб, се менува само законската регулатива

    Велковски: Нема укинување на вториот пензиски столб, се менува само законската регулатива

    „МојДДВ“ привремено недостапен, се работи на отстранување на техничкиот проблем

    „МојДДВ“ привремено недостапен, се работи на отстранување на техничкиот проблем

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Фирмите со сметки во Алта банка неограничено ќе можат да располагаат со новите приливи

    25/11/2026

    Божиновска: Македонија е поинаква отколку пред две години, создаваме решенија што траат

    25/11/2026

    Димитриеска-Кочоска учествува на меѓународна конференција за глобалните финансиски пазари

    24/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.