Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Голема полициска акција во Берово: Пронајдени уметнички слики, злато, 8.000 евра и фалсификувани банкноти
    Хроника

    Голема полициска акција во Берово: Пронајдени уметнички слики, злато, 8.000 евра и фалсификувани банкноти

    26/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кривични пријави се поднесени против двајца жители на Берово, осомничени за извршување повеќе кривични дела, откако при полициски претреси на три локации биле пронајдени и одземени уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, мобилни телефони, платежни картички и околу 8.000 евра.

    Како што информираат од СВР Штип, Одделението за внатрешни работи Берово поднело кривични пријави против Ј.М. (50) и Б.М. (45), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела.

    Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници на 25 ноември 2026 година, со судска наредба, извршиле претреси во домовите и други простории што ги користеле пријавените.

    При претресите биле пронајдени и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, разновидна бижутерија, платежни картички, повеќе мобилни телефони и парични средства во износ од околу 8.000 евра.

    Според полицијата, постои сомнение дека пронајдените предмети и парични средства потекнуваат од повеќе кражби и тешки кражби извршени на подрачјето на Берово.

    Во рамките на полициската акција бил откриен и случај на фалсификување пари. При претресите биле пронајдени 26 фалсификувани банкноти во апоени од по 50 евра, сите со идентичен сериски број, во вкупна номинална вредност од 1.300 евра.

    Со преземањето дополнителни мерки, полициските службеници расчистиле и случај на „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

    Според информациите од СВР Штип, осомничените со две туѓи банкарски картички извршиле неовластено подигнување парични средства од банкомати, при што подигнале вкупно 50.000 денари.

    Против двајцата беровчани се поднесени соодветни кривични пријави за утврдените кривични дела.

    Поврзани вести:

    Скопјанец со остар предмет им се заканувал на своите двајца синови

    Скопјанец со остар предмет им се заканувал на своите двајца синови

    Кичевец упатувал закани кон новинарот Кристијан Ландов, полицијата го повикала на разговор

    Кичевец упатувал закани кон новинарот Кристијан Ландов, полицијата го повикала на разговор

    Кривична пријава за директорот на „Стогово“ и уште пет лица поради злоупотреби со сеча и транспорт на дрва

    Кривична пријава за директорот на „Стогово“ и уште пет лица поради злоупотреби со сеча и транспорт на дрва

    Затворски полицаец од Струмица пријавен за продажба на кокаин, муниција и кражба

    Затворски полицаец од Струмица пријавен за продажба на кокаин, муниција и кражба

    Приведен 31-годишник од Челопек за издржување едногодишна затворска казна

    Приведен 31-годишник од Челопек за издржување едногодишна затворска казна

    Напад и кражба во маркет во Баница: Две лица уапсени, меѓу повиканите и малолетник

    Напад и кражба во маркет во Баница: Две лица уапсени, меѓу повиканите и малолетник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Скопјанец со остар предмет им се заканувал на своите двајца синови

    24/11/2026

    Кичевец упатувал закани кон новинарот Кристијан Ландов, полицијата го повикала на разговор

    24/11/2026

    Кривична пријава за директорот на „Стогово“ и уште пет лица поради злоупотреби со сеча и транспорт на дрва

    23/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.