Автор: K.

19-годишник приведен во Куманово по напад врз малолетничка Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 19-годишен жител на градот, осомничен дека физички нападнал малолетничка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен откако И.А. (19) од Куманово на улицата „Гоце Делчев“ физички ја нападнал малолетничката. Тој бил лишен од слобода вчера во 14:45 часот од страна на полициски службеници. Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај Повеќе

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е најтранспарентна институција меѓу министерствата и Владата во 2026 година, покажува годишното рангирање на Центарот за граѓански комуникации според Индексот на активна транспарентност. Истражувањето, објавено денеска, 28 септември, по повод Меѓународниот ден на универзалниот пристап до информации, опфаќа 102 институции – Владата, сите министерства и општините. Просечната активна транспарентност на министерствата, Владата и општините годинава изнесува 82 проценти, што е подобрување за два процентни поена во однос на минатогодишните 80 проценти. Кај Владата и министерствата активната транспарентност достигнува 86 проценти, во споредба со 84 проценти во 2025 година. Општините, пак, имаат просек од…

Прочитај Повеќе

Од полноќ на бензинските станици стапуваат на сила нови малопродажни цени на нафтените деривати, според кои бензините ќе поскапат за еден денар по литар, додека дизелот значително ќе поевтини. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 100 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне цена од 102 денари за литар. Од друга страна, дизелот ќе поевтини за 4,5 денари и од полноќ ќе чини 100 денари за литар. Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за три денари и ќе изнесува 111,50 денари за литар. Мазутот ќе се продава по цена од 49,882 денари…

Прочитај Повеќе

На повеќе локации во Скопје утрово се спроведува заедничка полициско-безбедносна акција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во рамки на истрага поврзана со кривични дела од областа на тероризмот. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека под раководство на јавен обвинител од ова обвинителство се извршуваат претреси на повеќе локации, а досега се приведени повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела. „Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение…

Прочитај Повеќе

Повеќе од 50.000 жени и девојчиња секоја година го губат животот како последица на насилство извршено од интимен партнер или друг член на семејството, беше истакнато на регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, која денеска започна во Собранието. Учесниците на конференцијата порачаа дека фемицидот не смее да се смета за изолиран или приватен семеен проблем, туку за најтешка последица на долгогодишно родово базирано насилство кое честопати останува незабележано или без навремена институционална реакција. Според презентираните податоци, во текот на 2024 година во светот биле убиени околу 83.000 жени и девојчиња, а речиси 50.000 од нив биле жртви на интимен…

Прочитај Повеќе

Уште еден пациент со западнонилска треска почина на Клиниката за инфективни болести, со што продолжува серијата тешки случаи поврзани со ова заболување. Станува збор за 70-годишен пациент од скопската Општина Аеродром, кој имал и повеќе придружни заболувања. Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, информираше дека пациентот 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега, но и покрај преземените медицински мерки, починал во текот на викендот. Во моментов на Клиниката се лекуваат седум пациенти со западнонилска треска. Двајца од нив се во потешка клиничка состојба и се сместени на Одделот за интензивна нега, откако кај нив дошло до влошување на…

Прочитај Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последните изјави на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека одговорноста за состојбите во партијата ја префрла на други лица, наместо да се соочи со реалните проблеми. Од владејачката партија велат дека Филипче „постојано бара виновници“ за падот на СДСМ, откако поранешни функционери и членови на партијата јавно изразиле несогласување со неговото раководење. „Филипче излезе во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС кои не се согласуваат со него, наместо да се соочи со фактот дека проблемите во неговата партија се резултат на неговото водство“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од…

Прочитај Повеќе

Владата на денешната седница одлучи намалената стапка на ДДВ за горивата од 10 отсто да продолжи да важи до 12 октомври 2026 година. Со оваа одлука се продолжува примената на мерката со која данокот на додадена вредност за горивата е намален од редовните 18 на 10 проценти. Од Владата соопштија дека целта е да се задржи стабилноста на цените на горивата и да се ублажи товарот врз домашниот буџет на граѓаните. Мерката првично беше воведена поради растот на цените на нафтата и нафтените деривати на светските пазари, со намера да се намали влијанието врз малопродажните цени. Според Владата, и во…

Прочитај Повеќе

СДСМ упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по неговото обраќање во Генералното собрание на Обединетите нации, оценувајќи дека со изјавата дека Македонија има намера да стане сериозна држава ја претставил земјата во негативно светло пред меѓународната јавност. Од опозициската партија велат дека државите не стануваат сериозни со политички изјави, туку дека сериозноста ја покажуваат институциите и власта преку своето работење. „Државите се сериозни по автоматизам. Несериозна е власта“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи го Мицкоски дека, како што велат, ја понижува државата за да се промовира себеси. Во соопштението СДСМ критикува и дел од појавувањата на премиерот во јавноста, неговите…

Прочитај Повеќе

Женската ракометна репрезентација на Македонија со две победи и еден пораз го заврши настапот на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Македонија 2026“, кој викендов се одржа во Охрид. Турнирот во спортската сала „Билјанини извори“ беше дел од неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), а воедно претставуваше и последна проверка за македонските ракометарки пред настапот на Европското првенство. Избраничките на новиот селектор Игор Марковиќ прикажаа одлични изданија и завршија на второто место во конкуренција на четири репрезентации. Победничкиот трофеј го освои Црна Гора, која турнирот го заврши со максимален учинок од три победи. Третото место ѝ припадна на Хрватска, додека Србија беше…

Прочитај Повеќе