На редовната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи, соопштија од владејачката партија и додаваат дека е донесена одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата.
Во врска со случајот со Алта банка, Извршниот комитет нотирал деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење на пари на илјадници граѓани како и антидржавно делување на Венко Филипче во насока на подривање на системот, ширење на параноја и саботажа на банкарскиот систем.
Претседателот Мицкоски информирал и за средбата со раководството на ВРЕДИ и посочил дека дискутирале за принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, додека дискусијата за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период.
