Денеска официјално ќе биде означен почетокот на изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, една од клучните делници на Коридорот 8, која треба да обезбеди современа патна врска меѓу превојот Стража и Кичево. Проектот ќе се реализира во две фази. Во првата ќе се гради делницата од селото Црвевци до Кичево, додека втората фаза ќе ја опфати трасата од Долно Строгомиште до Црвевци. Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), како и преку грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан. Надзорот над изградбата ќе го врши конзорциум предводен од Градежниот институт…
Автор: K.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше херојот на Валенсија, откако со фантастична интервенција во судиското продолжение спречи пораз на гостувањето кај Сантандер во Кантабрија. Димитриевски имаше извонреден настап, забележувајќи осум успешни одбрани, а најважната ја запиша во 92. минута. Тогаш Пабло Гарсија упати силен удар од работ на шеснаесетникот, но македонскиот чувар на мрежата со спектакуларен рефлекс ја оттурна топката и ја сочува својата мрежа. Со таа интервенција, Димитриевски практично ѝ донесе бод на Валенсија, која во спротивно ќе претрпеше нов пораз и ќе се најдеше во уште потешка ситуација на табелата. Одбраната на македонскиот голман веднаш привлече големо внимание…
Речиси целосно преброените гласови од четирите референдуми одржани во Словенија покажуваат пресврт на законодавниот референдум, каде што мнозинството гласачи се изјасниле против измените на Законот за парламентарни истраги. На останатите три консултативни референдуми, пак, преовладува поддршката за предложените решенија. По обработени 97,93 проценти од гласачките ливчиња, против измените на Законот за парламентарни истраги гласале 50,72 проценти од избирачите, додека 49,28 проценти ја поддржале предложената измена. Со 446.537 гласа „против“, надминат е и законскиот праг потребен за отфрлање на измените, што значи дека, доколку резултатите бидат потврдени, тие нема да стапат во сила. Предложените измени предвидуваа ограничување на можностите за уставно-судска…
Четворица возачи се санкционирани откако со своите возила непрописно го блокирале сообраќајот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Постапката е преземена по објавено видео на социјалните мрежи и во дел од медиумите, на кое се гледа како неколку возила го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје биле повикани Д.Г. (28), кој управувал „Ауди“, М.П. (25), возач на „БМВ“, Љ.Б. (48), кој управувал „Ауди“, како и С.С. (23), кој бил зад воланот на „Сузуки“. Сите возила биле со скопски регистарски таблички. Од МВР соопштија дека против четворицата…
Двајца странски државјани кои планинареле кон врвот Пирибег биле успешно спасени откако неповолните временски услови ги принудиле да побараат помош преку Единствениот број за итни повици 112. Од Центарот за управување со кризи информираат дека акцијата за спасување била реализирана во координација со Службата за пребарување и спасување во планина на Косово, поради полесниот пристап до местото каде што се наоѓале планинарите. По направената проценка било утврдено дека од македонска страна пристапот е можен исклучиво пеш, а поради дождот, маглата и непристапниот терен, до локацијата би биле потребни повеќе од шест часа во еден правец. Хеликоптерска интервенција не била можна…
Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски објави дека ја завршува својата судиска кариера, наведувајќи дека притисоците со кои се соочувал во изминатиот период биле главната причина за ваквата одлука. Преку објава на социјалните мрежи, Стојчевски соопшти дека веќе ги известил претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот на Судиската организација и комесарот за делегирање дека повеќе нема да суди натпревари. Во последните денови Стојчевски беше во фокусот на јавноста по пријателскиот натпревар меѓу младинските селекции на Македонија и Русија, кој заврши со победа на гостите од 3-2. Реакциите беа насочени кон неговото судење, особено поради четирите досудени пенали на натпреварот.…
Папата Лав XIV соопшти дека во наредните денови ќе биде подложен на хируршка интервенција на белите дробови, откако лекарите при неодамнешен преглед откриле мало јазолче во рана фаза. Веста ја објави по традиционалната неделна молитва, посочувајќи дека операцијата е препорачана од медицинскиот тим по направените испитувања. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, изјави дека интервенцијата е закажана за првите денови од следната недела, а се очекува закрепнувањето да трае околу една недела. Засега не е соопштено во која болница ќе биде извршен зафатот, иако се претпоставува дека тоа ќе биде римската клиника „Џемели“, каде што се наоѓа специјален папски апартман. Папата…
Двајца жители на струмичко се лишени од слобода во одвоени случаи на семејно насилство и агресивно однесување, информира Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, ноќеска околу 01:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица привеле 50-годишен жител на струмичко село, откако било пријавено дека агресивно се однесувал кон својата снаа, сопруга на неговиот син. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Само десет минути подоцна, во друго струмичко село, полицијата привела 38-годишен маж по пријава дека агресивно се однесувал кон својата 28-годишна сопруга. Осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи утврдил неправилности во постапувањето на полициски службеници при настанот од 7 октомври 2026 година, кога била пријавена прекумерна употреба на физичка сила и нанесување телесни повреди врз лица при извршување на полициски овластувања. Од МВР информираат дека по извршените проверки, анализата на обезбедените видео-снимки и изјавите од сведоци, констатирани се пропусти во постапувањето на шест полициски службеници. Поради утврдените неправилности, против нив ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, а ќе им бидат изречени и мерки за отстранување од работното место, односно…
Октомври традиционално е период кога во многу македонски домаќинства се подготвува ајвар. Подготовката бара многу време и труд, па затоа не е чудно што домаќинките често бараат начини како да го забрзаат процесот. Сепак, постои една навика која може да го наруши крајниот резултат – плакнењето на печените и излупени пиперки под млаз вода. Иако водата брзо ги отстранува семките и остатоците од лушпата, искусните домаќинки предупредуваат дека на тој начин се губи дел од она што му го дава на ајварот карактеристичниот домашен вкус. При печењето, соковите од пиперките карамелизираат, а малите остатоци од потпечената лушпа создаваат специфична арома…