Под засилен инспекциски надзор вчера беа повеќе објекти на територијата на Општина Бутел за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи.
Општината информира дека се вршеле проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски, а паралелно се спроведувале и засилени сообраќајни контроли, при што се изречени казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки, зелени површини и други јавни простори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
