Пукање во Средното техничко училиште во Крагуевац, Србија, утрово предизвика полициска интервенција, а според првичните, неофицијални информации, две жени вработени како хигиеничарки во училиштето се ранети.
Според информациите што ги објавуваат српските медиуми, постои сомнение дека во инцидентот е вмешан ученик во училиштето, но неговиот идентитет и околностите под кои се случило пукањето засега не се официјално потврдени.
По инцидентот, полицијата го блокирала училишниот објект и околината.
Засега нема информации за тежината на повредите на двете жени, ниту за мотивите за нападот. Не е познато ниту дали осомничениот е приведен.
Министерството за внатрешни работи на Србија сè уште не се огласило со официјално соопштение за настанот.
Во текот на денот се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за околностите под кои се случило пукањето.
